Вести

Ангеловска од Самитот на ЕБОР: Развој на платформа за размена на добри искуства, политики и проекти меѓу земјите
25.02.2020

25 февруари 2020, Скопје - Да се развие платформа за споделување на знаење, каде што сите земји ќе можат да ги видат најдобрите практики од други земји. На овој начин земјите ќе можат да учат од најдобрите искуства, а владите да носат политики кои се засноваат на докази и претходно искуство. Ова било дискутирано на средбата помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и ИКТ тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) која се случила на маргините на Инвестицискиот самит на земјите од Западен Балкан во Лондон.

Ангеловска и Деспотовски со предлог да се формира регионален ФИТР со седиште во Скопје
21.02.2020

21 февруари 2020, Тирана  – Основање регионален фонд што ќе работи по примерот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е предлог што министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски го дадоа на денешниот Самит на раководители на акцелераторот за конкурентност и иновации, а седиштето на фондот би бил во Скопје.

Ангеловска: Преку алатката за транспарентност за јавен долг, ќе се бориме против погрешното информирање
20.02.2020

20 февруари 2020, Скопје - Од денес граѓаните имаат можност да се информираат за јавниот долг преку новата алатка за транспарентност javendolg.open.finance.gov.mk, која ја изработи Министерството за финансии со поддршка на ИРИ и УСАИД. На страната се детално прикажани долгот, неговото движење по години, раздолжувањата, повлекувањата за 2020 и како ќе се финансира. Министерката за финансии Нина Ангеловска на јавната презентација на платформата посочи дека преку целосна фискална транспарентност, граѓаните ќе можат да ги препознаат непотполните и лажни вести кои се злоупотребуваат за политичко поентирање.

Ангеловска: Преку МСИП забрзано се градат и рехабилитираат локалните патишта
17.02.2020

17 февруари 2020, Скопје - Одлична реализација на Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, особено во изградбата на локалната патна инфраструктура, каде во текот на изминатите 6 месеци во 13 општини е започната или завршена градба на повеќе локални патишта од кои корист ќе имаат преку 60 илјади граѓани. Дополнително преку МСИП се доделува и проектна документација на сите општини за изградба на околу 271 километар пат. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на увид во изградбата на Корзото во општина Ѓорче Петров и пристапната улица, на кој присуствуваше и градоначалникот на општината Александар Наумоски.

Ангеловска: Преку обуки и креирање вештини за успех до поголема вработеност на младите во земјава
14.02.2020

14 февруари 2020, Скопје - Преку обуки и креирање на вештини кај младите, до поголема вработеност на младата популација во земјава. Вклучувањето на бизнис-секторот во креирањето на тие вештини, преку едукација, е од особено значење за зголемување на вработеноста на младите.  Министерката за финансии Нина Ангеловска вчера одржа предавање како ментор-волонтер на бесплатната програма “Вештини за успех” за едукација на невработени млади лица во едукативниот центар на Пивара Скопје.

Елези: Преку 3,5 милиони евра МСИП проекти во Тетово, меѓу кои и нов булевар и автобуси
14.02.2020

14 февруари 2020, Тетово - Тетово ќе добие нов булевар и градски превоз преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП. Преку 3,5 милиони евра од овој проект досега се доделени за капитални проекти во оваа општина за набавка на фотоволтаици, изградба на локални патишта, набавка на комунални возила, рече заменик министерката за финансии Ширет Елези на настанот по повод почетокот на градба на нов дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“, на кој присуствуваше и градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи.

Стратегијата за реформа на даночниот систем презентирана пред бизнис, невладината и експертската заедница
12.02.2020

11 февруари 2020, Скопје - Поголема праведност во оданочувањето, поголема ефикасност во наплатата на приходите, висока даночна транспарентност, подобрување на квалитетот на услугите и воведување зелено оданочување, се приоритетите во Стратегијата за реформа на даночниот систем 2020-2023, која денеска беше презентирана и дискутирана со бизнис-заедницата, невладините организации и експертската јавност. На презентацијата на Стратегијата присуствуваа и министерката за финансии Нина Ангеловска, вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и заменик-министерката за финансии Ширет Елези.

Преку меморандумот со Мастеркард, населението на Република Северна Македонија ќе дoбие можност за дигитален идентитет
07.02.2020

7 февруари 2020, Скопје - Република Северна Македонија станува една од првите земји во светот, каде целото население добива можност за електронски идентитет. Денеска во Владата на Република Северна Македонија беше потпишан меморандум за разбирање со „Мастеркард“, од страна на министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, министерката за финансии Нина Ангеловска и менаџерот на „Мастеркард“ за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово, Вања Манова. На потпишувањето присуствуваше и Чарлс Волтон, заменик претседател на „Мастеркард“ за дигитален идентитет.

Ангеловска - Денај: Мерките за сузбивање на сивата економија во РС Македонија даваат резултати
06.02.2020

6 февруари 2020, Скопје - Албанија ги препознава и сака да ги искористи успешните мерки за сузбивање на сивата економија кои ги применуваме. За мерките МојДДВ и МојДДВ #МојаНаграда, но и за мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на плата на вработените, стана збор на официјалната средба помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и министерката за финансии и економија на Албанија Анила Денај.

МојДДВ #МојаНаграда: Уште 15 најсреќни граѓани добија по 100.000 денари
06.02.2020

6 февруари 2020 година, Скопје - Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на јануари.
Христина Колева, Ратко Соколовски, Пеце Трајковски, Александар Стојановски, Елена Илиевска Честојнов, Воислав Завков, Елена Пенева, Дарко Дучевски, Силвана Тасевска, Ивана Илиоска Николовска, Лујза Јаневска, Јулијана Даскалов, Дејан Смилевски, Бурамедин Суловски и Ефимија Маркоска се граѓаните кои беа извлечени во второто коло кое се емитуваше на Канал 5 ТВ вчеравечер.

Pages