Вести

Ангеловска: Интензивно работиме на подобрување на фискалната транспарентност и новиот интегриран информациски систем за управува
04.11.2019

4 ноември 2019, Скопје - Интезивно се работи на реформи во управувањето со јавните финансии, особено во насока на подобрување на фискалната транспарентност и нов интегриран информациски систем за управување со финансиите. Ова беше истакнато на Советот за управување со јавните финансии кој се одржа во Министерството за финансии по повод разгледување на полугодишниот извештај за aкцискиот план за 2019 година за Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии (ПФМ).

Ангеловска: Осигурителните агенти веќе не продаваат полиси, ги обучуваат клиентите како онлајн да ги купуваат
04.11.2019

4 ноември 2019, Скопје - Интернетот и онлајн можностите ги сменија навиките во осигурувањето. Само со неколку клика купуваме осигурителна полиса од каде и да сме. Агентите повеќе ја играат улогата на едукатори кои треба да го обучат клиентот како онлајн да ја купи полисата, и за тоа да бидат наградени наместо за печатење и носење на полиса до клиентот. Ова го кажа министерката за финансии Нина Ангеловска на одбележувањето на 10-годишнината од работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Ангеловска: Го намалуваме административниот товар за малите фирми и граѓаните - прагот за ДДВ обврзници го креваме на 2 милиони
01.11.2019

1 ноември 2019 година, Скопје - Прагот за ДДВ обврзник ќе се зголеми од еден милион денари на два милиони денари. Ова ќе биде уредено со измените во Законот за данок на додадена вредност, кои ги прави Министерството за финансии.

Ангеловска: Прогресивниот данок се става во мирување, следните 36 месеци личниот доход ќе се даночи со 10 проценти
01.11.2019

1 ноември 2019 година, Скопје - Примената на прогресивниот данок на личен доход се става во мирување на 36 месеци. Во овој период, доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти.

Ангеловска: Банките исправени пред предизвикот на новите технологии
31.10.2019

31 октомври 2019 година, Скопје - Во 2019 година вкупните депозити бележат раст. Задржан е трендот на зголемување на штедењето на населението, како резултат на довербата во банкарскиот систем. Денарското штедење на населението го надминува штедењето во девизи, што укажува на задржување на доверба на граѓаните во домашната валутa. Се задржа склоноста за штедење на долг рок, пред се во денари. Значително е зголемено кредитирањето на фирмите a нефункционалните кредити се задржаа на ниско ниво. Ова е показател за голема довербата во македонскиот банкарски систем, посочи министерката за финансии Нина Ангеловска на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето.

Никола Бертолини
30.10.2019

30 октомври 2019 година, Скопје - Заменик министерката, Ширет Елези, учествуваше на првиот основачки Секторски мониторинг комитет за демократија и владеење кој денеска на високо ниво се одржа во Клубот на пратеници. 

Нова алатка за транспарентност на МФ: Јавноста ќе следи колку капитални инвестиции реализирал секој буџетски корисник
29.10.2019

29 октомври 2019 година, Скопје - Од денеска целата јавност ќе може да ја следи реализацијата на капиталните инвестиции за секое министерство, дирекција, агенција, односно секој буџетски корисник одделно, и преку тоа да влијае на институциите да го подобрат извршувањето. На веб-страницата на Министерството за финансии е објавена нова алатка за транспарентност, која покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја институција има реализирано досега - како процент од планираното и апсолутен износ, како и колку треба да се реализира до крајот на годината. 

 Прв Мастерклас на УНКТАД во Скопје: Ги охрабруваме жените да целат повисоко
28.10.2019

29 октомври 2019 година, Скопје - Потребна е поголема вклученост на жените во носењето клучни политики, решителност да го рашират својот глас, искористување на потенцијалот на технологиите за нивна поголема инклузија и креирање локални, регионални и глобални мрежи на жени претприемачи. Ова се поентите од првиот мастерклас „Е-трговија за жени“ организиран од УНКТАД (Конференција за трговија и развој на Обединетите нации) во С. Македонија.

Ангеловска: Е-трговија има огромен потенцијал, ги охрабрувам компаниите да го искористат
25.10.2019

25 октомври 2019 година, Скопје - Менаџирањето бизнис во е-трговија бара мултисекторска соработка, широки познавања од многу полиња и многу пасија. Огромен е потенцијалот на е-трговијата за мала земја како нашата. Отклучувањето на тој потенцијал бара партнерство и здружени сили на владиниот, невладиниот и реалниот сектор, академската заедница и провајдерите на неформално образование како и на граѓаните, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на отворањето на втората годишна Конференција за е-трговија на тема „Бизнис-раст со е-трговија“ на која присуствуваат повеќе од 400 учесници од над 200 компании и организации, а свои знаења и искуства ќе споделат 30 говорници од земјата и од странство.

Pages