Вести

Голем интересот за Купи куќа-купи стан, изготвен и нов прирачник
19.08.2019

19 август 2019 година, Скопје - Министерството за финансии изготви прирачник за проектот “Купи куќа, купи стан“, кој е поставен на веб страницата на Mинистерството за финансии.

ПВРСМ Заев и ЗМФ Елези се сретнаа со претставници на неколку национални институти
14.08.2019

14 август 2019, Скопје - Премиерот Зоран Заев и заменик-министерката за финансии Ширет Елези денеска се сретнаа со претставници на неколку национални институти во земјава. На средбата беше истакната поддршката на Владата за унапредување на научно-истражувачката дејност како императив за афирмација на културните и националните вредности на државата.

Елези на работилница на УНДП: Преку инвестирање во регионален развој до подобри услови за живот во општините
14.08.2019

14 август 2019, Скопје – Заменик-министерката за финансии Ширет Елези присуствуваше на работилницата за креирање индекс на развиеност на општините, организирана во рамки на проектот „Градење капацитети во општините за имплементација на проекти“. Работилницата беше организирана од страна на УНДП и Шведската агенција за меѓународна соработка за развој.

Фирмите добија 236,4 милиони евра поврат на ДДВ во првите седум месеци
05.08.2019

5 август 2019, Скопје - Над 14,5 милијарди денари или 236,4 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии, повратот на ДДВ кон фирмите, заклучно со јули, е поголем за околу 14,5% во однос на минатата година.

Одржана Седмата седница на Комитетот за финансиска стабилност
01.08.2019

1 август 2019, Скопје - Денес, во просториите на Народна банка се одржа редовната, седма седница на Комитетот за финансиска стабилност. Комитетот го сочинуваат гувернерката на Народна банка, Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерката за финансии, Елези, како и десет високи претставници од двете институции. На седницата на Комитетот се разгледаа прашања што се од значење за финансиската стабилност на земјата.

Елези:МојДДВ ги исполнува целите - се враќаат пари кај граѓаните и се намалува сивата економија
31.07.2019

31 јули 2019, Скопје – Мерката Мој ДДВ веќе ги дава резултатите за целите за кои беше воведена - влијае врз намалување на сивата економија и враќа пари на граѓаните, вели заменик-министерката за финансии Ширет Елези.

 Средба Елези со делегација од буџетскиот сектор од Претставничкиот дом на САД
30.07.2019

30 јули 2019, Скопје – Заменик-министерката за финансии Ширет Елези денеска оствари средба со делегацијата од буџетскиот сектор на Претставничкиот дом на САД, г-ѓа Шаланда Јанг и г-ѓа Кристи Џ. Антони.

Елези-Рамадани: Следната недела пристигаат нови 16 милиони евра поволни кредити од ЕИБ за мали и средни претпријатија
26.07.2019

26 јули 2019, Скопје - Втората транша поволни кредити за мали и средни претпријатија од Европската инвестициска банка (ЕИБ), во износ од 16 милиони евра, ќе пристигне на почетокот на следната недела. Со овие средства ќе се поддржат проекти на 53 мали и средни фирми. Ова беше истакнато денеска на средбата помеѓу заменик-министерката за финансии Ширет Елези и в.д. главниот оперативен директор на Развојната банка на Северна Македонија Вељанд Рамадани.

Преку МСИП доделени средства за капитални проекти во 9 општини и подобри услуги за 160.000 граѓани
25.07.2019

25 јули 2019, Скопје - Преку Проектот за подобрување на општинските услуги - МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка од Светска банка, доделени се средства во износ од 176,9 милиони денари (или 2,8 милиони евра) за капитални проекти и подобрување на инфраструктурата во девет македонски општини, односно Чучер Сандево, Врапчиште, Боговиње, Тетово, Делчево, Кичево, Шуто Оризари, Македонски брод и Демир Хисар.

Елези: Вработеноста ќе расте, просечната плата повисока за 5% годинава
23.07.2019

23 јули 2019, Скопје - Вработеноста ќе продолжи да расте годинава, додека растот на просечната нето-плата се очекува да биде околу 5%, се проекциите на Министерството за финансии. Заменик министерката за финансии Ширет Елези образлагајќи ја Завршната сметка за 2018 во Собрание, рече дека поволните економски движења од минатата година, продолжиле засилено годинава, па се очекуваат и подобри економски резултати.

Pages