Вести

Ангеловска - Јан Коп: Ќе продолжи размената на искуства со Холандија за реформи во јавните финансии
11.10.2019

11 октомври 2019, Скопје - Преку пренесување на добрите холандски практики и искуства ќе се реформира системот на јавни финансии во земјава. Помеѓу министерствата за финансии на Република Северна Македонија и Холандија ќе се потпише нов Меморандум за соработка со кој ќе се соработува во насока на реформите во јавната внатрешна финансиска контрола, даночната политика, буџетот, јавниот долг. Со ова се продолжуваат размената на искуства за реформите со Холандија. Ова беше зборувано на работната средба помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп.

Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел започнаа празничните свечености по повод одбележувањето на државниот праз
11.10.2019

11 октомври 2019, Скопје - Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел започнаа празничните свечености по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“ во Скопје, Прилеп и Куманово.

Ангеловска: Кажете на три пријателки што слушнавте за ракот на дојка, така се крева свеста
10.10.2019

10 октомври 2019, Скопје - Министерството за финансии се вклучи во активностите за зголемување на свесноста за ракот на дојка. Со обраќање на министерката за финансии Нина Ангеловска и предавање на докторката Светлана Темелковска, специјалист радиолог од Институтот за радиологија и претседател на Здружението за радиологија на рак на дојка, вработените беа инспирирани проактивно да се однесуваат кон најчестиот карцином кај жените.

Средба Ангеловска-Герберих: Трговската размена со Германија пораснала за 18%
10.10.2019

10 октомври 2019, Скопје - Германија е најзначaјниот трговски партнер на Република Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава, земјата извезла во СР Германија стоки во вредност 1,8 милијарди евра, што е покачување за 22% во однос на лани, додека вкупната трговска размена пораснала за 18%. За 1,3 милијарди евра извезуваме повеќе стоки во Германија отколку што увезуваме, односно нашата земја остварува трговски суфицит. На првата официјална средба помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и амбасадорот на СР Германија Томас Герберих беше нагласен растечкиот тренд на трговската соработка, како и континуираната поддршка што оваа пријателска земја ѝ ја дава на Република Северна Македонија, особено во нашата цел да станеме член на Европската Унија.

Пратениците денеска со 56 гласови „за“ го изгласаа дополнетиот ребаланс на Буџет за 2019 година, со кој според Владата, се врши
10.10.2019

10 октомври 2019, Скопје - Пратениците денеска со 56 гласови „за“ го изгласаа дополнетиот ребаланс на Буџет за 2019 година, со кој според Владата, се врши алоцирање средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми ефекти, повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати.
Вкупните приходи со ребалансот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, вкупните расходи се утврдени на износ од 228,2 милијарди денари, а дефицитот останува непроменет и е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари. Со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 3,5 отсто.

Ангеловска: Наградна игра за сите што скенираат фискални сметки, ја унапредуваме мерката мојДДВ која дава резултати
09.10.2019

Скопје, 9 октомври 2019 - Сите граѓани што скенираат фискални сметки и учествуваат во мерката „МојДДВ“, од 25 ноември ќе бидат учесници во наградната игра „МојДДВ #МојаНаграда“. Предвидени се награди на дневно ниво и 15 награди на месечно ниво, како и две главни награди. Фондот е 31 милион денари и сите награди се парични. Според министерката за финансии Нина Ангеловска тоа е унапредување на мерката Мој ДДВ која дава резултати и ќе биде дополнителен мотив на граѓаните во борбата против сивата економија.

Ангеловска-Азески: Ќе се воведе даночен календар за попредвидливо бизнис окружување  Ангеловска-Азески: Ќе се воведе даночен кал
08.10.2019

8 октомври 2019, Скопје - Преку даночен календар, фирмите многу порано, шест месеци однапред, ќе ги знаат промените во даночната политика. Ова е исполнување на барањето на Стопанската комора на Македонија (СКМ), кое беше дискутирано денес на работната средба на министерката за финансии Нина Ангеловска со претседателот на Комората Бранко Азески и членките.

Ангеловска: Со ребалансот се поддржуваат мерки за поголеми плати, поддршка на бизнисот и нови работни места
07.10.2019

7 октомври 2019, Скопје - Повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати, се целите на ребалансот на Буџетот за 2019 година што министерката за финансии Нина Ангеловска ги посочи пред пратениците на Пленарна седница во Собранието. Со ребалансот се алоцираат средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми ефекти.

Објавен традиционалниот конкурс за учениците од основите и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето и Денот на осиг
05.10.2019

5 октомври 2019, Скопје - Народната банка, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку години наназад е заедничка активност по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Денот на осигурувањето – 1 ноември. Трите институции коишто заеднички учествуваат и во Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со овој конкурс имаат за цел да ja поттикнат креативноста, имагинацијата, како и критичкото размислување на учениците при создавањето творби за штедењето и осигурувањето. На овој начин се придонесува за натамошно уште поголемо интересирање и едуцирање на младата популација за овие два клучни сегмента во финансиската сфера.  

Ангеловска: Финансиските институции да се подготват за ерата на технологии
03.10.2019

3 октомври 2019, Скопје - Финансиските институции мора да ги следат промените што неизбежно доаѓаат. Веќе се зборува за финтек и иншуртек, за примена на дигиталната технологија во финансиските и осигуритeлните услуги. Иновациите во деценијата што доаѓа ќе креираат потполно нов финансиски пејзаж. Потрошувачи кои се сигурни во барањата водени од вредности, идните технолошки иновации, новите начини на работа и континуираното влијание на регулаторната рамка може да дефинираат финансиски екосистем многу поразличен од оној што го гледаме денеска. За да се искористат можностите што ги носат промените, мора да се зголеми довербата на јавноста, да се пресретнат стратешките предизвици и да имате чиста визија за вашата улога во финансискиот систем, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на седмиот Ерсте инвеститорски појадок на банкарите и инвеститорите, во Скопје.

Pages