Вести

1
04.04.2020

4 април 2020, Скопје - Финансиските регулатори ја зајакнуваат соработката во следењето на состојбите во финансискиот систем. И во околностите коишто ги наметнува кризата предизвикана од коронавирусот, со максимална посветеност на секој регулатор во рамки на неговите надлежности, координирано ќе се одржува финансиската стабилност. Ова е пораката што ја упатија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Крсте Шајноски, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Максуд Али и директорот на Фондот за осигурување депозити, Борче Хаџиев. Тие склучија нов Меморандум за меѓуинституционална соработка заради одржување на финансиската стабилност, изготвуван во текот на изминатите неколку месеци, во согласност со препораките на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

1
03.04.2020

3 април 2020 – Во следните три месеци ќе се намалат ратите за кредитите на граѓаните од финансиските и лизинг друштвата за најмалку 70%, за кои нема да смеат да се пресметуваат и наплатуваат трошоци, провизии и казнени камати. Овие обврски рамномерно ќе се распоредат на останатите рати во текот на исплатата, или отплатата може да се продолжи за најмалку 90 дена. Ова е регулирано со денес донесените уредби за финансиски друштва и за лизинг.

1
03.04.2020

3 април 2020, Скопје - Најбргу ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд од странските ликвидносни инјекции, кои се очекува најверојатно да стигнат во текот на месецов, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“ и дополни дека ќе се користат средства и од Светска банка, од Европската Унија, како и од обврзницата за премостување. Таа посочи дека овие средства ќе се користат повеќе месеци, согласно потребите за вбризгување средства во стопанството, а дека согласно потребите ќе се носат и нови мерки.

Ангеловска: Имаме три сценарија за приходната страна на Буџетот со различни исходи од кризата од коронавирусот
01.04.2020

1 април 2020, Скопје - Три сценарија за влијанието на кризата предизвикана од коронавирусот врз Буџетот на државата и неговите приходи предвидуваат пад на приходите од 40% до 65% во однос на претходната година. Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес-конференција ја соопшти реализацијата на приходите во март – првиот месец кога започнаа ефектите од здравствената криза, како и можните исходи годинава.

Владата го донесе вториот сет економски мерки за олеснување на последиците од кризата  од ковид-19
31.03.2020

Владата го донесе вториот сет економски мерки за олеснување на последиците од кризата предизвикана од ковид-19. Целта е да се даде поддршка на стопанството, да се задржат работните места, да се одржи социјалната стабилност и да им се помогне на граѓаните погодени од оваа криза.

Ангеловска: Да се зачуваат работните места за да се рестартира економијата
29.03.2020

29 март 2020, Скопје - Да го заштитиме секое работно место, секој да има средства за да го преживее и преброди овој период. Да ја заштитиме ликвидноста на Буџетот за да ги сервисираме обврските и да ја заштитиме ликвидноста на стопанството кое потоа треба да се рестартира. Ова се целите според кои се раководиме во справувањето со кризата и при менаџирањето со Буџетот, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Радио Слободна Европа.

1
27.03.2020

27 март 2020, Скопје - Денес, со донесена уредба од страна на Владата на Република Северна Македонија, а во насока на превенција од Ковид-19, се овозможува секоја фирма да издава фактури во електронска форма (pdf),  без разлика дали се потпишани со дигитален сертификат или не, до своите клиенти.

Стартува ослободувањето на аконтации за данок на добивка и данокот на личен доход за доход остварен од вршење на самостојна дејн
27.03.2020

27 март 2020, Скопје - Даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност и обврзниците на данокот на добивка можат да бидат ослободени од плаќање аконтации, со цел задржување поголема ликвидност и премостување на првите ефекти од кризата предизвикана од коронавирусот. Оние што ќе поднесат барање до Управата за јавни приходи имаат право да бидат ослободени од плаќање месечни аконтации за март, април и мај 2020 година.

ДОНЕСЕНА Е УРЕДБАТА: Промената на договорните услови за кредитите на засегнатите граѓани и фирми ќе може да се врши побрзо и пое
26.03.2020

26 март 2020, Скопје - Донесена е Уредбата со која се утврдува како банките и штедилниците можат, во текот на вонредната состојба, на граѓаните и фирмите да им понудат одложување на исплатата на ратите и други поволности со коишто ќе им го олеснат сервисирањето на кредитите за време на кризата предизвикана од коронавирусот. Уредбата е подготвена од Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација со цел, во текот на вонредната состојба, поедноставно и побрзо да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради кризата предизвикана од коронавирусот се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците.

Ангеловска: Ќе има нов пакет економски мерки, приоритет е обезбедување  средства веднаш
22.03.2020

22 март 2020, Скопје - Да се обезбеди сигурност на Буџетот во секое сценарио и да се обезбеди ликвидносна и финансиска инјекција во стопанството преку мерки за помош на фирмите се сегашните приоритети, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција за финансирање на Буџетот во услови на криза предизвикана од коронавирусот. Министерката за финансии најави дека планот е да се повлечат 400 милиони евра поволни средства преку инструментот за премостување, 87 милиони евра од фондовите на ММФ, како и средства за развојни политики за итни ситуации од Светска банка во износ од околу 100 милиони евра.

Pages