Вести

Ангеловска: Прогресивниот данок се става во мирување, следните 36 месеци личниот доход ќе се даночи со 10 проценти
01.11.2019

1 ноември 2019 година, Скопје - Примената на прогресивниот данок на личен доход се става во мирување на 36 месеци. Во овој период, доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти.

Ангеловска: Банките исправени пред предизвикот на новите технологии
31.10.2019

31 октомври 2019 година, Скопје - Во 2019 година вкупните депозити бележат раст. Задржан е трендот на зголемување на штедењето на населението, како резултат на довербата во банкарскиот систем. Денарското штедење на населението го надминува штедењето во девизи, што укажува на задржување на доверба на граѓаните во домашната валутa. Се задржа склоноста за штедење на долг рок, пред се во денари. Значително е зголемено кредитирањето на фирмите a нефункционалните кредити се задржаа на ниско ниво. Ова е показател за голема довербата во македонскиот банкарски систем, посочи министерката за финансии Нина Ангеловска на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето.

Никола Бертолини
30.10.2019

30 октомври 2019 година, Скопје - Заменик министерката, Ширет Елези, учествуваше на првиот основачки Секторски мониторинг комитет за демократија и владеење кој денеска на високо ниво се одржа во Клубот на пратеници. 

Нова алатка за транспарентност на МФ: Јавноста ќе следи колку капитални инвестиции реализирал секој буџетски корисник
29.10.2019

29 октомври 2019 година, Скопје - Од денеска целата јавност ќе може да ја следи реализацијата на капиталните инвестиции за секое министерство, дирекција, агенција, односно секој буџетски корисник одделно, и преку тоа да влијае на институциите да го подобрат извршувањето. На веб-страницата на Министерството за финансии е објавена нова алатка за транспарентност, која покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја институција има реализирано досега - како процент од планираното и апсолутен износ, како и колку треба да се реализира до крајот на годината. 

 Прв Мастерклас на УНКТАД во Скопје: Ги охрабруваме жените да целат повисоко
28.10.2019

29 октомври 2019 година, Скопје - Потребна е поголема вклученост на жените во носењето клучни политики, решителност да го рашират својот глас, искористување на потенцијалот на технологиите за нивна поголема инклузија и креирање локални, регионални и глобални мрежи на жени претприемачи. Ова се поентите од првиот мастерклас „Е-трговија за жени“ организиран од УНКТАД (Конференција за трговија и развој на Обединетите нации) во С. Македонија.

Ангеловска: Е-трговија има огромен потенцијал, ги охрабрувам компаниите да го искористат
25.10.2019

25 октомври 2019 година, Скопје - Менаџирањето бизнис во е-трговија бара мултисекторска соработка, широки познавања од многу полиња и многу пасија. Огромен е потенцијалот на е-трговијата за мала земја како нашата. Отклучувањето на тој потенцијал бара партнерство и здружени сили на владиниот, невладиниот и реалниот сектор, академската заедница и провајдерите на неформално образование како и на граѓаните, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на отворањето на втората годишна Конференција за е-трговија на тема „Бизнис-раст со е-трговија“ на која присуствуваат повеќе од 400 учесници од над 200 компании и организации, а свои знаења и искуства ќе споделат 30 говорници од земјата и од странство.

PIKARD
24.10.2019

24 октомври 2019 година, Скопје - Примената на новите технологии го олеснува брзото движење на луѓето, стоките и превозните средства придонесувајќи за поефикасна контрола на ризикот, намалување на трошоците и поедноставувањето на царинските постапки. Живееме во дигитален универзум во кој ниедна држава нема време за губење. Треба брзо да учиме, да се подготвиме за брз одговор на промените, затоа што нема друг начин за напредок.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, генералниот секретар на Светската царинска организација Кунио Микурија и директорот на
23.10.2019

23 октомври 2019 година, Скопје - Министерката за финансии Нина Ангеловска, генералниот секретар на Светската царинска организација Кунио Микурија и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, во дворот на Царинската управа денеска засадија дрво на мирот.

Ангеловска - Шломер: Преку регионална електронска платформа  ќе се поврзуваат домашните фирми со странските инвеститори во регио
20.10.2019

20 октомври 2019, Вашингтон - Домашните фирми ќе можат да се поврзуваат со странските инвеститори во регионот преку регионална електронска платформа. Проектот за поврзување на домашните компании со странските инвеститори, за кој Министерството за финансии потпиша меморандум за соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО) ќе стартува од наредниот месец. Овој проект беше една од темите на средбата помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и директорката за Европа и Централна Азија на ИФЦ Вибке Шломер за време на Годишните средби на Групацијата Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои се одржуваат во Вашингтон.

Pages