Вести

Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Групацијата на Светската банка годинава ќе се одржи во Скопје
11.06.2019

11 јуни 2019, Скопје - Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ) ќе се одржи од 21 до 23 јуни во Скопје. Организатори на ова издание на состанокот се Министерството за финансии и Народната банка.

Потпишан договор за 26,2 милиони евра од Светска банка за олеснување на трговија и транспорт на Западен Балкан
06.06.2019

6 јуни 2019, Скопје - Со 26,2 милиона евра од Светска банка ќе се подобрува инфраструктурата, ќе се модернизираат институциите и ќе се зајакнува нивната соработка, со цел олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Денеска беше потпишан договор помеѓу Министерството за финансии и Светска банка за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Ова е регионален проект во кој, покрај нашата земја, во првата фаза ќе се вклучат и Србија и Албанија, додека во втората фаза и  Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Елези на годишниот состанок на Управниот одбор на ЦЕФ во Молдавија
05.06.2019

5 јуни 2019 година, Молдавија - “Одржливите финансии играат важна улога за подобрување на економската ефикасност, просперитет и конкурентноста на една земја. Координацијата помеѓу Народната банка и Министерството за финансии е клучна за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, што е предуслов за инклузивен и одржлив раст. Ова го истакна заменик министерот за финансии, Ширет Елези, обраќајќи се на тркалезната маса во рамки на годишниот состанок на Управниот одбор на ЦЕФ во Молдавија на тема “Ефективна координација на централните банки и министерствата за финансии“.

Тевдовски: Со законски измени ќе се обезбеди ФинТек и збогатување на понудата платежни услуги
04.06.2019

4 јуни 20119, Охрид - Законот за платежни услуги и платни системи, кој Министерството за финансии го изработува со Народната банка и е во работна верзија, ќе овозможи либерализација на пазарот на платежни услуги и влез на небанкарски институции, како платежни институции и институции за електронски пари. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на Конференцијата за плаќања и пазарна инфраструктура, во организација на Народната банка.

Заменик министерот за финансии Ширет Елези присуствува на годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за инвонредност во ф
03.06.2019

3 мај 2019 година, Молдавија - Заменик министерот за финансии, Ширет Елези, присуствува на годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за инвонредност во финансиите (ЦЕФ) кој се одржува во Молдавија. Таа ќе се обрати на тркалезната маса на Управниот одбор. Темата за дискусија е “Ефективна координација на централните банки и министерствата за финансии“. 

На средбата учествуваат високи претставници од министерствата за финансии и централните банки од земји членки на ЦЕФ.   

30 општини добија ровокопачи преку Проектот за подобрување на општински услуги кој го спроведува МФ
31.05.2019

31 мај 2019, Битола- Триесет општини денес добија механизација преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии. Станува збор за десет ровокопачи во вредност од 45,7 милиони денари, кои се обезбедени како грант средства од ЕУ. Со ова ќе се обезбедат подобри општински услуги за околу 300.000 граѓани кои живеат во руралните општини.

Тевдовски за Извештајот на ЕК: Покажуваме сериозен капацитет и одиме напред
30.05.2019

30 мај 2019, Скопје - Министерот за финансии Драган Тевдовски е задоволен од Извештајот за напредокот на земјата на Европската комисија во кој, како што оценува, јасно се потенцира дека МФ во соработка со ММФ, Светска банка, ЕК спроведе реформи со кои е подобрен системот на јавните финансии.

Потпишан Меморандум за спречување перење пари, даночни и царински кривични дела со Обединетото Кралство
30.05.2019

30 мај 2019, Скопје - Република Северна Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Меморандум за размена на информации и знаења за сузбивање  даночни и царински кривични дела и перење пари помеѓу двете земји. Потписници на Меморандумот се Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство и Министерството за финансии на Република Северна Македонија и неговите управи, односно: УЈП, Царинска управа, Финансиска полиција и Управа за финансиско разузнавање.

Заменик министерката за финансии Елези на Пленарен состанок на БЕПС во Париз
29.05.2019

29 мај 2019, Париз - Заменик министерката за финансии Ширет Елези учествува на Пленарниот состанок на БЕПС Инклузивната рамка (Рамка за мерки против даночна евазија) кој се одржува во Париз, Франција. Главна тема на дискусија на состанокот се предизвиците кои произлегуваат од дигитализацијата.

Фискална стратегија 2020-2022: МФ ја зголеми проекцијата за економски раст на 3.5% за 2019 година
28.05.2019

28 Мај 2019, Скопје - Континуираното забрзување на растот во текот на 2018 година и позитивните поместувања во првото тримесечје од 2019 година се основа за нагорна ревизија на проекцијата за економски раст во 2019 година на 3,5%. Растот на БДП се очекува да се зголеми на 4,2% во 2020 година, и во наредните две години да продолжи со посилен интензитет, односно да достигне 5%. Ова се проекциите на Министерството за финансии во Фискалната стратегија која беше усвоена од Владата на Р. Северна Македонија.

Pages