Вести

Конституенца 2019: Дискусија на економски факултет со извршните директори од Светската Банка и Меѓународниот монетарен фонд.
21.06.2019

21 Јуни 2019, Скопје - Професорите, студентите и младите професионалци од областа на финансиите, имаа можност да дискутираат на темата „Како да создадеме систем кој функцонира за сите“ со двајцата извршни директори, Кун Давидсе од СБ и Ентони Де Ланој од ММФ.

Од 1 јули стартува мерката „Мој ДДВ“ за враќање 15% од платениот ДДВ на граѓаните
19.06.2019

19 Јуни 2019, Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски, и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на прес-конференција информираа за Предлог-законот за враќање на 15% од данокот на додадена вредност на граѓаните кој беше усвоен на последната седница на владата и доставен на усвојување во Собранието.

Состанок на Конституенцата во Скопје: истакнати меѓународни експерти ќе дискутираат за клучни економски теми
18.06.2019

18 јуни 2019 година, Скопје - Годинава ја имаме честа да бидеме домаќини на Состанокот на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка (СБ) во која членува нашата земја, за првпат по 2003 година, кога Министерството за финансии и централната банка ја имаа улогата на организатори на овој значаен настан.

Три потпретседатели на Светска банка доаѓаат на Конституенцата во Скопје
17.06.2019

17 јуни 2019, Скопје - Тројца потпретседатели на групацијата на Светска банка ќе присуствуваат на Конституенцата на Светска банка и ММФ што ќе се одржи од 21 до 23 јуни во Скопје. Станува збор за потпретседателот на Светска банка за Европа и Централа Азија Сирил Милер, потпретседателката за човечки развој на Светска банка Анет Диксон и потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација Георгина Бејкер.

1
15.06.2019

15 јуни 2019, Скопје - Извештајот на кредитната агенција „Фич“, со кој го подигна кредитниот рејтинг на земјава после 13 години, е сериозна потврда за исправната фискална политика, а потенцирани се и направените реформи во системот на јавни финансии. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски презентирајќи го извештајот на кредитната агенција.

Тевдовски: Кредитната агенција Фич после 13 години го зголеми рејтингот на земјата
15.06.2019

15 јуни 2019, Скопје - Aгенцијата „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед. Ова е прво подобрување на кредитниот рејтинг на нашата земја после 13 години, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната прес-конференција.

Нова градинка со вкупна вредност од 25,2 милиони денари е изградена во населеното место Бардовци преку Проектот за подобрување н
13.06.2019

13 јуни 2019 година, Скопје - Нова градинка со вкупна вредност од 24,2 милиони денари е изградена во населеното место Бардовци преку Проектот за подобрување на општинските услуги кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и на ЕУ. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, заедно со градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, денеска ја посетија градинката. 

Тевдовски: Наплатата на персоналецот повисока од очекувањата, со праведното оданочување обезбедени средства за социјалната рефор
13.06.2019

13 јуни 2019, Скопје - Целите поради кои беше донесена даночната реформа се реализираат, рече министерот за финансии Драган Тевдовски на јавната дискусија организирана од „Фајненс Тинк“ и истакна дека е подобрена наплатата на данокот на личен доход. Со тоа се обезбедуваат средства за социјалната реформа, со што се врши редистрибуција на доходот за намалување на нееднаквоста и сиромаштијата, рече Тевдовски.

Успешна реализација на твининг проектот “Понатамошно подобрување на системот за внатрешна контрола“
13.06.2019

13 јуни 2019, Скопје - Успешна реализација на твининг проектот “Понатамошно подобрување на системот за внатрешна контрола“, кој беше финансиран од ЕУ а имплементиран во соработка помеѓу Министерството за финансии на Република Хрватска и на Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Проектот во износ од 250.000 евра започна на 15 октомври 2018 година и траеше 8 месеци.

Тевдовски: Праведниот данок е успешна, економијата во одлична кондиција
12.06.2019

Позитивните очекувања за праведното оданочување се реализираат, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на прес-конференција. Toj посочи дека економијата е во одлична кондиција, што е доказ дека реформите во фискалниот систем се во вистинска насока.

Pages