Вести

Ангеловска: Буџетот-реален и развоен, догодина почнуваат голем број капитални проекти
25.11.2019

25 ноември 2019, Скопје - Ако се гледа дали буџетот е развоен, само по уделот на капиталните инвестиции - за догодина тие се планирани на 9,8% од вкупните расходи, додека во 2016 година биле 9,2%. Ако гледате просек за последните 15 години, капиталните расходи се 3,3% од БДП, со буџетот за догодина е 3,2% од БДП. Ова го рече министерката за финансии Нина Ангеловска и посочи дека сега за разлика од порано се оди со реална проекција на овие расходи во буџетот.

1
25.11.2019

25 ноември 2019, Скопје - За 28% повеќе се предвидени средства за инвестиции во образованието во Предлог-буџетот за 2020 година, споредбено со завршната сметка од 2016 година, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на комисиската расправа за Буџетот во Собрание.

Ангеловска за Буџет 2020: Сакаме најдобрите лекари и наставници да ги задржиме во земјава и јавниот сектор
25.11.2019

25 ноември 2019, Скопје - Со буџетот за 2020 година ќе инвестираме во подобро здравство, подобро образование, подобра социјална грижа и воопшто подобри услови за живот на сите граѓани. Сакаме најдобрите лекари да бидат во јавното здравство, сакаме квалитетни идни генерации, а за тоа е предуслов квалитетното образование, сакаме да обезбедиме грижа за сите генерации, од најмладите до највозрасните. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска, на почетокот на расправата за Предлог-буџетот 2020 на собраниската комисија за финансирање и буџет.

1
25.11.2019

25 ноември 2019, Скопје - Во продолжение е експозето на министерката за финансии Нина Ангеловска за Предлог-Буџетот за 2020 година на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието.

Ангеловска: Со укинување на сметкопотврдата се поедноставуваат процедурите и се намалува адмистративниот товар за фирмите
24.11.2019

24 ноември 2019, Скопје - Поедноставување на процедурите во деловното окружување, намалување на административниот товар, како и заштеда на хартија, простор и време, се придобивките од укинување на сметкопотврдата предвидено со измените на Законот за данок на додадена вредност. Ова го истакнаа денеска министерката за финансии Нина Ангеловска и преставници на сметководствениот сектор на прес-конференција во Министерството за финансии.

Ангеловска: Со укинување на сметкопотврдата се поедноставуваат процедурите и се намалува адмистративниот товар за фирмите
24.11.2019

24 ноември 2019, Скопје - Поедноставување на процедурите во деловното окружување, намалување на административниот товар, како и заштеда на хартија, простор и време, се придобивките од укинување на сметкопотврдата предвидено со измените на Законот за данок на додадена вредност. Ова го истакнаа денеска министерката за финансии Нина Ангеловска и преставници на сметководствениот сектор на прес-конференција во Министерството за финансии.

  Ангеловска: Членството во НАТО отвора пазар од неколку милијарди евра за нашите компании
23.11.2019

23 ноември 2019, Скопје - Економскиот раст забрзува за 2 процентни поени во просек кај земјите кои пристапиле во НАТО. Со влегувањето во Северноатланската Алијанса за македонските компании се отвора нов пазар од неколку милијарди евра, додека политичката сигурност ќе ги стимулира инвестициите што ќе доведе до креирање на нови работни места, зголемување на обемот на трговијата и забрзување на економскиот раст и развој. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на НАТО караванот во организација на Инфо центарот за евроатлански интеграции и граѓанската асоцијација Мост, кој се одржа во Прилеп.

Ангеловска: За 1,7 милијарди денари намалени обврските на институциите, општините, локалните установи
22.11.2019

22 ноември 2019, Скопје - За 1,7 милијарди денари намалени се доспеаните обврски на институциите, општините, локалните установи, во првите девет месеци годинава споредено со истиот период лани. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Телевизија 24.

Средба МФ Ангеловска со вториот човек на ММФ Тао Жанг: Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија
21.11.2019

21 ноември 2019, Скопје - Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како што се Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето на сивата економија. Истовремено, користејќи ја технологијата ќе се преземаат и понатамошни мерки за подобрување на фискалната транспарентност, како предуслов за фискална ефикасност. Ова се дел од темите што беа дискутирани на средбата помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска со заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд Тао Жанг, што се одржа во Скопје, а на која присуствуваше и шефицата на Канцеларијата на Фондот во Виена, Штефани Ебле.

Промовиран порталот „Отворени финансии“: Ова е клучен резултат од големата реформа на јавните финансии за транспарентно управува
20.11.2019

20 ноември 2019, Скопје - Од денеска, пред очите на јавноста, ставаме финансиски податоци за над дванаесет и пол милиони трансакции. Стандардите се поставени. Секогаш кога некое министерство, агенција или државна управа ќе извршат уплата на пари, трансакцијата, во рекордно време, ќе биде јавно достапна за увид на сите во државата, соопшти претседателот на Владата Зоран Заев на прес-конференцијата на која се промовираше веб-платформата „Отворени финансии“ (open.finance.gov.mk).

Pages