Вести

mf
08.03.2019

8 март 2019 година, Скопје - По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, денеска во Министерството за финансии се одржа настан на тема „Таа може се“. Гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска, заменик-министерката Ширет Елези, уметничкиот директор на МОБ, Олга Панго идиректорката на Паблик, Климентина Илијевски пред МФ Тевдовски и вработените во Министерството за финансии ги споделија своите искуства, со порака дека „жената мора да работи на себе“.

Тевдовски: Невработеноста падна на 19,4%, на најниско ниво од независноста досега
08.03.2019

8 март 2019, Скопје - Економијата забележува раст согласно проекциите на Министерството за финансии, а невработеноста за првпат од независноста е под 20%. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на прес-конференцијата во Владата одржана по повод објавените податоци за растот на БДП.

Преку МСИП 200 ученици во с.Гургурница, Брвеница добија ново училиште
08.03.2019

8 март 2019, Гургурница – Околу 200 ученици во с. Гургурница, општина Брвеница, добија ново училиште преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП) на Министерството за финансии, кој се реализира со поддршка на Светска банка и Европската унија.

Тевдовски: Од почетокот на годинава инвестирани 3 милиони евра за капитални проекти преку МСИП
08.03.2019

8 март 2019, Гургурница - Одлична реализација од преку 3 милиони евра инвестиции само од почетокот на годинава преку Проектот за подобрување на општинските услуги - МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и на Европската Унија. Ова денеска го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски при посетата на новото училиште во с. Гургурница, о. Брвеница, изградено токму преку МСИП. Инаку, МСИП поддржува капитални проекти кои ги подобруваат условите за живот во општините.

Министерот Тевдовски говорник на настан во организација на СБ во Виена
06.03.2019

6 март 2018 година, Виена - Министерот за финансии, Драган Тевдовски, беше говорник на настан во организација на Светска банка и Корејскиот национален фонд (КТФ) на тема „Mожности за обезбедување фискална одржливост“.

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност
05.03.2019

5 март 2019, Скопје - На денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 8 милијарди денари (130 милиони евра), од кои утре ќе се вратaт 7,23 милијарди денари (117 милиони евра), a на 11.03.2019 ќе се вратат 700 милиони денари (11,38 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

 МФ Тевдовски на настан „Можности за обезбедување фискална одржливост“ во организација на СБ во Виена
05.03.2019

5 март 2019 година, Скопје - Министерот за финансии, Драган Тевдовски, утре ќе се обрати на настан во организација на Светска банка и Корејскиот национален фонд (КТФ) на тема „Можности за обезбедување фискална одржливост“. Настанот се одржува во Виена, Австрија.

Успешно се реализира Програмата за реформа науправувањето со јавни финансии
01.03.2019

1 март 2019, Скопје - Успешно се реализира Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии. Минатата 2018 година беа спроведени повеќето активности предвидени во Акцискиот план, а очекувам годинава да продолжиме со уште позасилено темпо, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на состанокот на Советот за управување со јавни финансии што се одржа во просториите на Министерството за финансии.

 Тевдовски: До 2016 долгот беше галопирачки, ние го стабилизиравме
01.03.2019

1 март 2019, Скопје - Јавниот долг е под контрола и за него се известува транспарентно и со веродостојни податоци. Ако од 2008 до 2016 година јавниот долг беше брзо растечки, сега е стабилизиран и е на пониско ниво во однос на 2016 година. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на работилницата со новинари посветена на јавниот долг, а во рамки на кампањата на Министерството за финансии за финансиска едукација.

Тевдовски во Љубљана: Успешно ги спроведуваме препораките на ЕК за економски реформи
27.02.2019

27 февруари 2019, Љубљана - Република Северна Македонија е лидер меѓу земјите од регионот во спроведување на препораките на Европската комисија за реализирање на Програмата за економски реформи. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски во Љубљана, каде учествува на конференцијата „Кон подобрени структурни реформи и фискални рамки“, во организација на Центарот за обука во областа на финансиите (ЦЕФ). Тевдовски е еден од говорниците на панелот „Економско управување во контекст на пристапот во ЕУ“.

Pages