Вести

Ангеловска: Со ребалансот се поддржуваат мерки за поголеми плати, поддршка на бизнисот и нови работни места
07.10.2019

7 октомври 2019, Скопје - Повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати, се целите на ребалансот на Буџетот за 2019 година што министерката за финансии Нина Ангеловска ги посочи пред пратениците на Пленарна седница во Собранието. Со ребалансот се алоцираат средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми ефекти.

Објавен традиционалниот конкурс за учениците од основите и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето и Денот на осиг
05.10.2019

5 октомври 2019, Скопје - Народната банка, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку години наназад е заедничка активност по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Денот на осигурувањето – 1 ноември. Трите институции коишто заеднички учествуваат и во Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со овој конкурс имаат за цел да ja поттикнат креативноста, имагинацијата, како и критичкото размислување на учениците при создавањето творби за штедењето и осигурувањето. На овој начин се придонесува за натамошно уште поголемо интересирање и едуцирање на младата популација за овие два клучни сегмента во финансиската сфера.  

Ангеловска: Финансиските институции да се подготват за ерата на технологии
03.10.2019

3 октомври 2019, Скопје - Финансиските институции мора да ги следат промените што неизбежно доаѓаат. Веќе се зборува за финтек и иншуртек, за примена на дигиталната технологија во финансиските и осигуритeлните услуги. Иновациите во деценијата што доаѓа ќе креираат потполно нов финансиски пејзаж. Потрошувачи кои се сигурни во барањата водени од вредности, идните технолошки иновации, новите начини на работа и континуираното влијание на регулаторната рамка може да дефинираат финансиски екосистем многу поразличен од оној што го гледаме денеска. За да се искористат можностите што ги носат промените, мора да се зголеми довербата на јавноста, да се пресретнат стратешките предизвици и да имате чиста визија за вашата улога во финансискиот систем, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на седмиот Ерсте инвеститорски појадок на банкарите и инвеститорите, во Скопје.

Заменик министерката Елези се сретна со шефицата на Канцеларијата на ММФ за Западен Балкан Шојбле
03.10.2019

3 октомври 2019, Скопје - Заменик-министерката за финансии Ширет Елези оствари средба со шефицата на новата Канцеларија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Западен Балкан Стефани Ебле, во насока на добрата соработка и партнерството што земјава го има со Фондот.

Ангеловска: Преку јасна стратегија и партнерство ги решаваме невработеноста и сивата економија, а ја подобруваме и бизнис-климат
01.10.2019

Скопје, 1 октомври 2019 година, Скопје - Преку партнерство и јасна стратегија може да се надминат предизвиците како неадекватноста на пазарот на трудот, неформалната економија и подобрување на деловното окружување, со кои се соочуваат сите земји од регионот. Ова го порача министерката за финансии Нина Ангеловска говорејќи на панелот „Градење просперитетна иднина“ на Самитот на Западен Балкан.

Финансиската стабилност и натаму ќе се зајакнува
30.09.2019

30 септември 2019, Скопје - Одржување на финансиската стабилност на земјата е приоритет, затоа финансиските регулатори во континуитет работат на унапредување на макропрудентната рамка преку анализи и следењето на системските ризици согласно највисоките меѓународни стандарди. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Попоски и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Максуд Али, на денешниот состанок на финансиските регулатори, посочија дека се спроведуваат најдобрите практики од овој домен, во согласност со препораките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка (СБ) во рамки на Програмата за проценка на финансискиот сектор (ФСАП мисија).

Средба Ангеловска-Коен: Рамката за соработка со Светска банка се одвива со одлична динамика
27.09.2019

27 септември 2019, Њујорк – Приоритети од клучно значење за квалитетот на животот на граѓаните се традиционално во фокус на соработката на Република Северна Македонија со Светска Банка. Министерката за финансии Нина Ангеловска и извршниот директор на Холандската Конституенца на Светска банка Кун Давидсе ја остварија првата официјална средба во Њујорк. Во рамки на средбата беше зборувано за Рамката за соработка со Светска банка 2019-2023 година, за која беше истакнато дека се одвива со одлична динамика.

Елези: Прифатени амандмани на ребалансот за проекти за локална инфраструктура
26.09.2019

26 септември 2019, Скопје - Амандмани со кои ќе се алоцираат средства за два проекти од локална инфраструктура, беа прифатени од Министерството за финансии на вчерашната комисиска расправа за ребалансот во Собранието, на која присуствуваше заменик-министерката за финансии Ширет Елези.

 Од локален агент на промени до глобален лидер - Ангеловска промовирана за „жена амбасадор на дигитална трговија“ на УНКТАД
25.09.2019

25 септември 2019, Њујорк - Министерката за финансии Нина Ангеловска, во рамки на 74-то Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), синоќа во Њујорк беше промовирана како една од првите „жени амбасадори на дигитална трговија“ во светот. Ова исклучително и уникатно признание ѝ го врачи Мукиза Китуи, генерален секретар на УНКТАД - телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој. Покрај Ангеловска, уште шест жени претприемачи од целиот свет ја добија оваа титула од УНКТАД.

Елези оствари средба со новиот претставник на УСАИД, Ерик Јановски  Заменик министерката за финансии, Ширет Елези, денеска одржа
24.09.2019

24 септември 2019 година, Скопје - Заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, денеска одржа официјална средба со новиот претставник на Канцеларијата на УСАИД за Република Северна Македонија, Ерик Јановски. 

Pages