Вести

Од 6-8 декември саем „Купи куќа, купи стан“, проектот продолжува и догодина
03.12.2019

3 декември 2019, Скопје - Проектот за субвенционирани станбени кредити од државата - „Купи куќа, купи стан“ продолжува и догодина. Граѓаните од 6-8 декември на саемот „Купи куќа, купи стан“, кој ќе се одржува во Скопје Сити Мол, ќе можат на едно место да добијат информации од Министерството за финансии, банките кои се во проектот и градежните компании, како да аплицираат за истиот, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.

Преку МојДДВ #МојаНаграда 3.852 парични награди, од кои две премии од по 50.000 евра
02.12.2019

2 декември 2019, Скопје - Вкупно 3.852 парични награди во вкупен фонд од половина милион евра ќе се доделуваат од 15 декември, со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата МојДДВ. Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда ќе трае една година, и за тој период ќе се доделат две премии од по 50.000 евра, месечно ќе се доделуваат 15 награди по 100.000 денари и дневно ќе се доделуваат 10 награди од по 1.000, 2.000 и 3.000 денари.

Избран победникот на ФинХакатон2
01.12.2019

1 декември 2019, Скопје - Маркетинг стратегијата за наградната игра МојДДВ #МојаНаграда во следните 12 месеци ќе ја реализира маркетинг агенцијата Меккен. Таа победи на ФинХакатонот2, што изминативе три дена се одвиваше во Министерството за финансии со цел да се избере најкреативната стратегија за приближување на наградната игра до граѓаните. Осумте тима кои се натпреваруваа со идеи имаа обврска да вклучат по двајца студенти, кои добија шанса да работат со професионалци од етабилирани маркетинг агенции.

Ангеловска:Од 15 декември започнува #МојаНаграда, највисоката награда 50.000 евра
01.12.2019

1 декември 2019, Скопје - Од 15 декември започнува наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, која ќе трае една година и на која ќе се доделат две главни премии од по 50.000 евра, секој месец ќе се доделуваат 15 награди од по 100.000 денари, додека секој ден ќе се доделуваат по 10 награди - 4 по 1.000 денари, 3 награди по 2.000 денари и 3 награди по 3.000 денари. Вкупниот фонд на #МојаНаграда е половина милион евра, а ќе можат да учествуваат сите полнолетни граѓани кои се регистрирани во системот на е-персонален данок и кои скенираат фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција на која беше претставена #МојаНаграда.

Ангеловска: УЈП има поддршка од Министерството за финансии за интензивна дигитализација
30.11.2019

30 ноември 2019, Скопје - Реализирањето на функциите на државата, преку полнењето на Буџетот, е заедничка обврска на двете институции, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи - едната го обезбедува со прилагодување на регулативата, а другата оперативно. Високиот процент на реализација на буџетските приходи,  над 79 проценти кај даноците и над 81 процент кај придонесите, заклучно со октомври, ја покажува одличната соработка на двете институции, што резултира со стабилни јавни финансии и развој на економијата, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на Управата за јавни приходи и Денот на даночните работници Свети Матеј.

Ангеловска: Следниот месец започнува МојДДВ#МојаНаграда, половина милион евра награден фонд
29.11.2019

29 ноември 2019, Скопје - Наградната игра МојДДВ#МојаНаграда ќе започне во текот на следниот месец и наградниот фонд за истата е половина милион евра, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Таа посочи дека #МојаНаграда претставува надградување на успешната мерка МојДДВ, како и дека по примерот на многу успешни пракси во светот, преку наградна игра ќе се стимулира борбата против сивата економија.

1
29.11.2019

29 ноември 2019, Скопје - Од денеска до недела во Министерството за финансии, во заедничка организација со Фондот за иновации и технолошки развој, осум тима ќе треба да одговорат на предизвикот на ФинХакатон 2: МојДДВ #МојаНаграда - да креираат иновативна маркетинг стратегија за #МојаНаграда.

Елези: Предвидени двојно повеќе средства за рамномерен регионален развој за догодина
28.11.2019

28 номеври 2019, Скопје - Средствата за рамномерен регионален развој со Предлог-буџетот за 2020 година се удвоени во однос на 2016 година, истакна заменик министерката за финансии Ширет Елези на гостување на Алсат-М телевизија. Таа посочи дека преку долгорочна стратегија се создава програма за рамномерен регионален развој, како и дека преку швајцарската Агенција за развој изработен е софтвер кој ги таргетира проектите кои се планирани во сите министерства согласно рамномерниот развој.

Се обезбедуваат средства за пречистителната станица за отпадните води од Скопје, за решавање на голем еколошки проблем
27.11.2019

27 ноември 2019, Скопје - Tретманот на отпадните води од градот Скопје ќе биде трајно решен со изградба на пречистителна станица, со што ќе се намали загадувањето на реката Вардар и ќе се подигнат стандардите за заштита на животната средина. Владата, на последната седница, ги усвои законите за финансирање на проектот и ги проследи до Собранието.

Ангеловска: Поголема продуктивност кај идните генерации, само ако од денес почне интензивно да се инвестира во човечки капитал
27.11.2019

27 ноември 2019, Скопје - Продуктивност и поголемо искористување на човечкиот капитал ќе имаме во иднина само ако уште од сега, па натаму со години, интензивно се вложува во човечкиот капитал. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на расправата за Буџетот 2020 во Комисија на Собрание. Таа посочи дека во таа насока во Буџетот за 2020 година се предвидени највисоки средства досега за столбовите на човечки капитал, односно образованието, здравството и социјалната грижа - за 168 милиони евра повеќе во однос на 2016 година, а и за 7,2% повеќе во однос на годинешниот буџет.

Pages