Вести

Извлечени 15-те добитници од 6-коло месечни награди преку MojДДВ #МојаНаграда
06.08.2020

6 август 2020 година, Скопје – Извлечени се 15-те најсреќни добитници на месечните награди од по 20.000 илјади денари преку наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, на јавно извлекување кое се одржа вчера на Канал 5.

Станува збор за Филип Петрески од Прилеп, Игор Кацар од Куманово, Марија Бојкикева - Скопје, Бобан Спасовски – Велес, Лидија Падован-Скопје, Дарко Ралповски-Берово, Муамет Ибраими-Скопје, Никола Гошев-Скопје, Емилија Петкоска – Скопје , Александра Падикова Спировски – Кавадарци, Катерина Данчева – Струмица, Гордана Митревска – Битола, Ивана Лазаровска – Скопје, Благојчо Стевановски – Крива Паланка и Дејан Димоски-Прилеп.

Јавниот долг во второ тримесечје 59,5% како резултат на КОВИД-19 кризата
02.08.2020

2 август 2020, Скопје - Заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%. Покачувањето на јавниот и државниот долг во вториот квартал се должат пред се на повлекувањата на средствата преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во време на КОВИД-19 кризата, обезбедување на средства за реализација на антикризните мерки и непречено извршување на буџетот и покрај кризата, односно покривање на зголемениот дефицит поради падот на приходите како резултат на КОВИД кризата.

Предметите за приватизација од 2018, 2019 и 2020 можат да се проверат на privatizacija.finance.gov.mk
19.07.2020

19 јули 2020, Скопје - Сите предмети поднесени за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост во 2018, 2019, 2020 граѓаните можат да ги следат до која фаза на решавање се на порталот privatizacija.finance.gov.mk. Станува збор за околу 11.500 предмети поднесени во овој период.

Ангеловска на конференција на УНЦИТРАЛ: Жените и е-трговијата ќе одиграат клучна улога во закрепнувањето од КОВИД-19
18.07.2020

18 јули 2020, Скопје - Владите треба да го дадат својот придонес за да го олеснат патот за жените во водењето бизнис, да креираат регулативи и платформи за поврзување што ќе им помогнат, а со тоа ќе дадат и придонес во справувањето со кризата предизвикана од КОВИД-19, бидејќи жените можат да одиграат клучна улога. Синергијата што жените можат да ја дадат задно со е-трговијата може значајно да придонесе во адаптирањето кон новото нормално и воедно креирање додадена вредност. Ова го порача министерката за финансии, Нина Ангеловска на една од дискусиите на 6-дневната конференција организирана од страна на Комисијата на Обединетите нации за меѓународна трговија и право – УНЦИТРАЛ, насловена „Одговор на КОВИД-19 и опоравување“ (COVID-19 response and recovery). 

Ангеловска: Над 187.000 домашни платежни картички се активни, 11 милиони евра досега вбризгани во стопанството преку граѓаните
10.07.2020

10 јули 2020, Скопје - Преку 187.000 домашни платежни картички се веќе активни и граѓаните со нив веќе направиле над 660.000 трансакции и потрошиле 10,7 милиони евра за домашни производи и услуги, вели во својата фејсбук објава министерката за финансии Нина Ангеловска.

Ангеловска: Изработивме анализа и препораки за зголемување на бројот на безготовинските плаќања во ЕЛС
10.07.2020

10 јули 2020, Скопје - Зголемување на бројот на општини кои ќе воведат ПОС терминал, зголемување на бројот на услуги кои може да се плаќаат со картичка и стимулирање на безготовинските плаќања со вградување на провизијата на трансакција во цената на услугата. Ова се препораките врз основа на анализата која Министерството за финансии ја направило за безготовинско плаќање и ја доставило до Влада, пишува министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот фејсбук профил. Како што наведува Ангеловска од 66 општини од спроведената анализа 41 имаат ПОС терминали.

Ангеловска со видео отчет за сработеното во изминатите 10 месеци
09.07.2020

9 јули 2020, Скопје - Ангеловска дојде на функцијата министер за финансии пред 10 месеци. Во видеото кое го објави денес на својот Фејсбук профил во кое дава ретроспектива на дел од сработеното, вели дека почнале со многу силно темпо, а КОВИД-19 кризата донела уште посилно темпо и турбулентен период.

Извештај на ОЕЦД за Западен Балкан: Република Северна Македонија со најдобра бизнис-клима во регионот
08.07.2020

8 јули 2020, Скопје - Република Северна Македонија има најповолна бизнис-клима во регионот, а исто така има и помалку фискални ризици во однос на другите земји. Ова се главните поенти за нашата земја во извештајот на ОЕЦД за земјите од Западен Балкан („Government at a glance: Western Balkans 2020“). Во извештајот се нотира дека земјава е регионален лидер во обезбедување поволна бизнис-клима и има подобри резултати во однос на просекот на земјите на ОЕЦД и од просекот на земјите на ОЕЦД коишто се членки на ЕУ.

Поради обезбедена ликвидност, во јули само една аукција на ДХВ
07.07.2020

7 јули 2020, Скопје - Во насока на водење на прудентна политика на јавен долг и поради обезбедена тековна ликвидност, аукцијата на државни хартии од вредност која според Календарот на аукции беше предвидена за денес нема да се реализира.

МојДДВ #МојаНаграда: 15 граѓани кои скенирале сметки во април, мај и јуни, добија по 100.000 денари
05.07.2020

5 јули 2020 година, Скопје - Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на април, мај и јуни.

Валентина Ѓуроска, Нацо Запров, Јуле Тасевска Марков, Наталија Грчева, Сузана Антовска, Слаѓана Јовческа, Виолета Георгиева, Славица Димоска, Сузана Димитрова, Ивица Јаначков, Наталија Велиновска, Влатко Масалковски, Мухамед Мамуди, Јасмина Каранфиловска и Ванчо Ѓорѓевски се граѓаните кои беа извлечени во саботата, во вечерниот термин на Канал 5 ТВ.

Pages