Најави за настани

Средба заменик министер за финансии со претседател на ОПМ
07.08.2018
7 август 2018, Скопје - Утре (среда 8 август 2018) во Министерството за финансии, заменик министерката за финансии д-р Ширет Елези ќе оствари средба со претседателката на Организацијата за заштита на потрошувачи Маријана Лончар.
Почеток на Фин Хакатон во Министерство за финансии
06.07.2018

6 јули 2018, Скопје - Денес започнува Фин Хакатон во Министерството за финансии. Почетокот на Фин Хакатон ќе биде одбележан со обраќања на министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски. Настанот е во Министерството за финансии, со почеток во 17.15 часот.

 

Почеток на изградба на колекторски систем Скопје
12.06.2018

12 јуни 2018, Скопје - Утре започнува со изградба колекторскиот систем во Скопје. На настанот ќе присуствувазаменик министерот за финансии, Ширет Елези, како и евроамбасадорот Самуел Жбогар, амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Почеток на градба општинска зграда во Арачиново
11.06.2018

11 јуни 2018, Скопје - Министерот за финансии, Драган Тевдовски, ќе присуствува на отпочнувањето на градба на општинската зграда на општина Арачиново. на овој настан ќе присуствуваат и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар и градоначалничката на општина Арачиново. настанот е со почеток во 11.15 часот.

Конференција за Програмата за економски реформи
10.06.2018

10 јуни 2018, Скопје - Утре Министерството за финансии организира Конференција за Програмата за економски реформи, на која ќе учествуваат министерот за финансии Драган Тевдовски и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Конституенца ММФ и Светска банка
08.06.2018

8 јуни 2018, Сплит - Министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска од утре иучествуваат на Конституенцата на Светска банка и ММФ која се одржува во Сплит, Хрватска.

Завршни консултации за Законот за јавни набавки
07.06.2018

7 јуни 2018, Скопје - Утре во Министерството за финансии ќе биат одржани завршни консултации со договорните органи за нацрт текстот за Законот за јавни набавки.

Отворање на првата градинка во општина Чашка
03.06.2018

3 јуни 2018, Чашка - Утре министерот за финансии Драган Тевдовски и министерката за труд и социјалана политика Мила Царовска ќе ја отворат првата градинка во Општина Чашка. Настанот е со почеток во 10.15 часот.

Гремански бизнис прием
01.06.2018

1 јуни 2018, Скопје - Министерот за финансии Тевдовски денеска ќе се обрати на Бизнис приемот организиран од фондацијата Фридрих Еберт, Министерството за финансии и Град Скопје. Настанот ќе се одржи со почеток во 20 часот во хотел Парк Плаза.

Прес-конференција по повод издавањето на шестата еврообврзница
12.01.2018

12 јануари 2018, Скопје - Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска во 15 часот во Министерството за финансии ќе одржи прес-конференција по повод издавањето на шестата еврообврзница.

Pages