Најави за настани

Потпишување договор за котација на државните обврзници
19.12.2018

Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Македонска берза Иван Штериев ќе го потпишат договор за котација на државните обврзници.

Предлог-буџетот за 2019 година на Пленарна седница
19.12.2018

Предлог-буџетот за 2019 година денеска е на Пленарна седница на Собрание.

Потпишување договор за грант од 68,6 милиони евра за изградба на втората делница од железничката пруга на Коридор 8
14.12.2018

Денеска во Министерство за финансии ќе се потпише договорот за ВБИФ грант од 68,6 милиони евра за изградба на втората делница од железничката пруга на Коридор 8, Бељаковце - Крива Паланка.
Ова е најголемиот инвестициски грант што ѝ е доделен на Македонија за инфраструктурен проект досега.

Регионална конференција за состојбите во јавни набавки
13.12.2018

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, ќе се обрати на регионалната конференција за состојбите во јавните набавки на тема „Антикорупциски механизми и улогата на засегнатите страни“, во организација на „Балкан тендер воч“.

Форум на добри компании
10.12.2018

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, ќе го отвори овогодинешниот „Форум на добри компании“ организиран од Public, а поддржан од Европската Унија и Германската Амбасада.

Посета на училиште во с. Черкези, Куманово
07.12.2018

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, заедно амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар и со директорот на Канцеларијата на Светска Банка во Македонија, Марко Мантованели ќе го посетат основното училиште „Јероним Де Рада“ во Куманово
Училиштето е реновирано со гранд средства од инструментот ИПА.  Грант средствата во износ од 1,96 милион денари за реновирање на основното училиште „Јероним Де Рада“, се доделени преку Проектот за подобрување на општинските услуги, кој го реализира Министерството за финансии со поддршка и средства на Светска банка и Европската Унија.

Ден на даночниците
30.11.2018

Mинистерот за финансии Драган Тевдовски ќе се обрати на свеченото одбележување на Денот на даночниците.

Министерска конференција во организација на Светска банка, во Виена, Австрија
26.11.2018

26 ноември 2018 - Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе учествува на Министерска конференција во организација на Светска банка, која се одржува во Виена, Австрија. Темата на конференцијата е „Финансиското информирање како катализатор за интеграција“.

ЈАВЕН НАСТАН – КОНСУЛТАЦИИ ЗА НАЦРТ ПРОГРАМАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ 2019 – 2021 ГОДИНА
24.11.2018

ЈАВЕН НАСТАН – КОНСУЛТАЦИИ ЗА НАЦРТ ПРОГРАМАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ 2019 – 2021 ГОДИНА

На 30 ноември 2018 година со почеток во 10 часот, во просториите на Министерството за финансии ќе се одржат консултации со јавноста за нацрт Програмата за економски реформи 2019 – 2021 година. Повеќе за настанот и Програмата на https://www.finance.gov.mk/mk/node/7643

Доделување на награди за Конкурсот за ученици по повод Светскиот ден на штедење и Денот на осигурувањето
15.11.2018

15 ноември 2018, Скопје - Утре, (петок 16 ноември 2018) ќе се одржи јавно доделување на наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето ‒ 1 ноември.

Pages