Повици и објави

ПОВИК ДО ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТРАНИ ЗА КОНСУЛТАЦИИ ЗА НАЦРТ НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ИЗМАМА ЗА ЗАШТИТА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2019 - 2022 ГОДИНА
30.10.2018

Ви ја претставуваме нацрт Националната стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија 2019 - 2022 година.

Цел на Стратегијата е обезбедување ефективна и ефикасна заштита на финансиските интереси на ЕУ и националните финансиски интереси преку подобрување на законската, институционалната и оперативната рамка во превенцијата, откривањето и борбата против неправилностите и измамите при имплементација  на ЕУ фондови.

ОГЛАС ЗА РАБОТНИ АНГАЖМАНИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ - MSIP
14.02.2018

Огласот за ангажман на определено време на Проектот за подобрување на општински услуги - МСИП можете да го преземете на следниот линк.

Консултации за нацрт Програмата за економски реформи 2018 – 2020 година
27.11.2017

ПОВИК ДО ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТРАНИ ЗА КОНСУЛТАЦИИ ЗА НАЦРТ ПРОГРАМАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ 2018 – 2020 ГОДИНА

Ви ја претставуваме нацрт Програмата на економски реформи за 2018 – 2020 година (ПЕР 2018), која Владата на Република Македонија ќе ја достави до Европската комисија до 31 Јануари 2018 година, по усвојување на нејзиниот текст.

Јавен повик за волонтирање во Министерство за финансии
31.07.2017

 

 

Република Македонија

Министерство за финансии

 

Министерството за финансии, врз основа на Програмата за волонтирање објавува:

                                                              ЈАВЕН ПОВИК

за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за финансии

Pages