Издвоени

ПЕР 2020-2022: Приоритети се намалување на невработеноста кај младите, вмрежување на фирмите и намалување на сивата економија

ПЕР 2020-2022: Приоритети се намалување на невработеноста кај младите, вмрежување на фирмите и намалување на сивата економија

22 мај 2019, Скопје - Реформи во насока на намалување на невработеноста кај младите, подобро поврзување на домашните компании во меѓународните синџири на вредности и намалување на сивата економија, беа дискутирани на панелот на Конференцијата од високо ниво за почеток на подготовката на Програмата за економски реформи 2020-2022, која е дел од дијалогот на земјите од Западен Балкан и Турција со Европската унија.

Тевдовски: Имаме најдобри резултати во спроведување на економските реформи од сите земји од Дијалогот со ЕУ

Тевдовски: Имаме најдобри резултати во спроведување на економските реформи од сите земји од Дијалогот со ЕУ

22 мај 2019, Скопје - Република Северна Македонија забележува најдобри резултати во спроведувањето на мерките од Програмата за економски реформи во споредба со другите земји од процесот, согласно оценките на програмите од страна на Европската комисија. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата за почеток на Програмата за економски реформи 2020-2022.

Вицепремиерот Анѓушев и министрите Тевдовски и Адеми од Виенскиот економски форум: Реформите во енергетскиот, финансискиот и образованиот систем, како и инфраструктурните проекти ја прават Северна Македонија достојна за влез во ЕУ

Вицепремиерот Анѓушев и министрите Тевдовски и Адеми од Виенскиот економски форум: Реформите во енергетскиот, финансискиот и обр

20 мај 2019, Виена - Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министрите за финансии и за образование и наука, Драган Тевдосвки и Арбер Адеми, во рамки на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори - нови перспективи за Република Северна Македонија, го презентираа потенцијалот за инвестирање во земјата и тоа во областа на инфраструктурата и енергетиката, во финансискиот сектор, како и можностите за инвестирање во човечкиот капитал.

Tevdovski and Angelovska - Bezhoska at the Economic and Financial Dialogue between the EU and the Western Balkans

Tevdovski and Angelovska - Bezhoska at the Economic and Financial Dialogue between the EU and the Western Balkans

17th May 2019, Brussels - Today, Minister of Finance, Dragan Tevdovski, and Governor of the National Bank, Anita Angelovska - Bezhoska, take part in the Economic and Financial Dialogue between the EU and the Western Balkans and Turkey, being held at the Council of the European Union in Brussels.

Тевдовски: Вмрежување на фирмите и работни места за младите се економски приоритети на патот кон ЕУ

Тевдовски: Вмрежување на фирмите и работни места за младите се економски приоритети на патот кон ЕУ

17 мај 2019, Брисел - Намалување на невработеноста меѓу младите, интегрирање на домашните компании на меѓународните пазари и борбата против сивата економија се трите клучни предизвици што ќе бидат опфатени во Програмата на економски реформи 2020-2022, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на Економскиот и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција, кој се одржува во Брисел.

Предлог измените на Законот за ДДВ во собраниска процедура

Предлог измените на Законот за ДДВ во собраниска процедура

17 мај 2019 година - Физичките лица кои се регистрирани како ДДВ обврзници наместо за пет години ќе им се даде можност да се одјават од системот на УЈП за 2 години доколку во овој период оствариле промет помалку од еден милион денари годишно. Услов е за истиот тој период да не е користено правото на одбивка на претходен данок. Ова е предвидено со предлог измените на Законот за данокот на додадена вредност. Предлог измените денеска на собраниска седница ги образложи заменик министерката Ширет Елези.

Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на Економскиот и финансиски дијалог ЕУ-Западен Балкан

Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на Економскиот и финансискиот дијалог ЕУ-Западен Балкан

17 мај 2019, Брисел - Министерот за финансии, Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, денес, учествуваат на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција, кој се одржува во Советот на Европската Унија во Брисел.

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност

14 мај 2019, Скопје - На денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 4,9 милијарди денари (80 милиони евра), од кои во текот на месец мај ќе се врати износ од 2,9 милијарди денари (46,9 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

Факторингот механизам што дополнително може да ја подобри ликвидноста на домашните компании

На отворањето на Конференцијата за факторинг свое обраќање имаше и заменик министерката за финансии, д-р Ширет Елези.  „Пристапо

14 мај 2019 година, Скопје - Денеска се одржа Прва регионална конференција на тема “Факторинг како алтернативен начин на финансирање“, на која свое обраќање имаа заменик министерката за финансии, Ширет Елези и вицепремиерот Кочо Анѓушев. Конференцијата се одржува во рамки на Проектот на УСАИД за Факторинг. 

Граѓаните и фирмите ќе можат он-лајн да ги следат предметите за приватизација преку privatizacija.finance.gov.mk

Граѓаните и фирмите ќе можат он-лајн да ги следат предметите за приватизација преку privatizacija.finance.gov.mk

13 мај 2019, Скопје - Граѓаните и фирмите од денеска на порталот privatizacija.finance.gov.mk ќе можат да се информираат до каде е нивниот предмет за приватизација во Управата за имотно правни работи (УИПР). Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УИПР Шасине Касами ја презентираа платформата.

Subscribe to RSS - Издвоени