Министерот Славески на Конституенцата ММФ-СБ во Црна Гора

Светска банка активно да продолжи со разгледувањето на барањето на заем за буџетска поддршка на Македонија, беше една од темите на средбата на министерот за финансии

Славески со Руд Треферс, еден од извршните директори на Светска банка на Состанокот на ММФ и Светска банка во Црна Гора вчера.

&nbsp

На средбата министерот Славески истакна дека претходните заеми од овој вид од Светска банка беа добро искористени од земјава. Тој нагласи дека сега е вистински момент за дополнителен ДПЛ аранжман со Светска банка, заради пониските приходи во буџетот, предизвикани од последиците од глобалната економска криза.

&nbsp

Вчера министерот оствари низа билатерални средби со министрите за финансии и развојна соработка на Холандија, Вотер Бос и Берт Кендерс, извршниот директор на ММФ Ахе Бакер , заменик претседателот на Светска банка Шигеу Катсу и новиот претседател Филипе Ле Хуреу. На средбите се дискутираше на повеќе теми меѓу кои и за макроекономската состојба во Македонија, со посебен осврт на глобалната криза и нејзиното влијание како и за постојните проекти во областа на финансиите.

&nbsp

Инаку Црна Гора е домаќин на овогодинешната средба на претставници на ММФ и Светска Банка, која започна вчера во Будва. Денес започнуваат панел дискусиите посветени главно на сегашните состојби и на мерките кои може да се предземат како одговор на зглобалната економска криза. Домаќини црногорскиот министер за финансии Игор Лукшиќ и гувернерот Љубиша Крговиќ. На конференцијата учествува и директорот на европскиот оддел Марек Белка кој минатата недела беше во посета на Скопје.