Министерот Славески на состанок со ЕУ амбасадорите

Министерот за финансии Трајко Славески денеска присуствуваpше на состанокот на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Скопје. На состанокот беа дискутирани повеќе теми

поврзани со светската економска криза и нејзиното влијание врз домашната економија.

 

Посебен акцент беше ставен на ефектите на кризата врз финансискиот сектор и прашањата поврзани со ребалансот на буџетот и аранжманот со ММФ.

 

Министерот истакна дека во 2008 година македонската економија продолжи да бележи позитивни финансиски резултати и покрај негативните влијанија на окружувањето. Сепак, влијанието на глобалната еконосмк криза почна да се чувствува кон крајот на минатата година и од почетокот на оваа година. И покрај тоа резултатите кои ги постигна земјава се значително подобри во однос на некои други држави од регионов како Хрватска и Србија.

 

Во своето излагање министерот се осврна и на трите пакети антикризни мерки кои Владата ги донесе за ублажување на последиците од кризата како и на резултатите кои се очекуваат од истите.