Конституенца 2019: Дискусија на економски факултет со извршните директори од Светската Банка и Меѓународниот монетарен фонд.

21 Јуни 2019, Скопје - Професорите, студентите и младите професионалци од областа на финансиите, имаа можност да дискутираат на темата „Како да создадеме систем кој функцонира за сите“ со двајцата извршни директори, Кун Давидсе од СБ и Ентони Де Ланој од ММФ.

„Инклузивниот раст и еднаквите можности бараат активности на различни политички фронтови. Политиките мора да ја поттикнуваат конкуренцијата и иновативноста, да се справат со слабото управување и да обезбедат еднакви можности, преку зајакнување на луѓето преку едукација и обука." Оваа дебата е дел од годишните средби на Холандската Конституенца во рамки на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, на која ќе се разговара за предизвиците и можностите за создавање на капитализмот. Не само за среќата на неколку, туку за сите.

Со оваа дискусија почна годишниот состанок на членките на Холаднската Конституенца на ММФ и СБ, настан кој се одржува еднаш во 15тина години во нашата држава. Пораката од дискусијата е дека единствен начин да обезбедиме праведен раст е да бложуваме во човечкиот капитал. Токму затоа централната тема „Како да создадеме систем кој ќе функционира за сите?“  беше за прв пат дискутирана на државниот Економски Факултет, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

На настанот покрај директорите се обрати и в.д. Деканот на Економскиот Факултет проф. др. Сашо Јосифовски, а присуствуваа МФ Тевдовски, ГНБРСМ Ангеловска-Бежоска, и многу истакнати професори и експерти.