Заштита на финансиските интереси на ЕУ

Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) ја поддржува Република Северна Македонија во донесувањето и спроведувањето на политичките, институционалните, правните, административните, социјалните и економските реформи за постепено усогласување со правилата, стандардите, политиките и практиките на Европската Унија, со цел полноправно  членство во Европската Унија.

При управувањето со фондовите од ИПА, Република Северна Македонија ги почитува начелата за стабилно финансиско управување, транспарентност, недискриминација и обезбедување на видливост на помошта од ИПА. Република Северна Македонија како корисник на ИПА гарантира ниво на заштита на финансиските интереси на Европската Унија еднакво на она пропишано со Финансиската регулатива на ЕУ.

За ефективна и ефикасна заштита на финансиските интереси на Европската унија и националните финансиски интереси при имплементацијата на ЕУ фондовите, Република Северна Македонија воспостави систем на управување со неправилности и измами кој  обезбедува:

  • спречување, откривање, административнa проверка, следење и корегирање на  неправилности при извршување на своите задачи;
  • воспоставување на систем за навремено известување за неправилности и преземање на ефективни и соодветни мерки за спречување на неправилности, земајќи ги предвид идентификуваните ризици;
  • истрага и ефективен третман на сомнителни случаи на финансиска измама, судир на интереси и неправилности и
  • финансиски прилагодувања и поврат на неправилно исплатени средства, согласно националните постапки за поврат на средства.

Структури вклучени во системот на управување со неправилности се: Органи во рамки на системот за управување и контрола со ЕУ средствата, Одделение за координација на борба против измама на ЕУ средствата (Anti-Fraud Coordinating Structures - АФКОС ) во рамки на Министерство за финансии и АФКОС мрежа.

Со цел подобрување на законската, институционалната и оперативната рамка во превенцијата, откривањето и борбата против неправилностите и измамите при имплементацијата на ЕУ фондовите донесена е Националната стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија.

Националната стратегија за борба против измами го промовира мотото „нулта толеранција за измама“  при спроведување на програмите на ЕУ.

OLAF

https://ec.europa.eu/anti-fraud/policy/hercule_en