Програма на економски реформи

Документот Програмата за економски реформи 2019 – 2021 може да го преземете од следниот линк.

Документот Стратегија за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити може да го преземете од следниот линк.

Документот Стратегија за денаризација на Република Северна Македонија може да го преземете од следниот линк.

Како поддршка за подобрување на економското управување Европската Унија (ЕУ) во Стратегијата за проширување од октомври 2013 година воведе нов пристап наречен Поедноставен европски семестар, при што земјите од Западен Балкан и Турција од октомври 2014 година се поканети од Европската Комисија (ЕК) да ги подобрат економските политики и да го зајакнат економското управување, преку подготовка на програми на економски реформи – ПЕР.

Република Северна Македонија учествува во тој процес со кој се врши претпристапното усогласување на економските политики со Европската Унија и секоја година подготвува ПЕР која содржи макроекономски и фискални политики и индикатори, како и структурни реформи и мерки за подобрување на конкурентноста на земјата и намалување на невработеноста. Подготовката на ПЕР на ниво на Влада е координирана од страна на Министерството за финансии, а се доставува до ЕК по нејзино усвојување од страна на Владата на Република Северна Македонија, најдоцна до 31 јануари.

По доставување на ПЕР до ЕК, истата се оценува преку оценски мисии во земјата од страна на ЕК, Европската Централна Банка и Еуростат. Потоа започнува дијалог во рамките на Советот на ЕУ. Прво се одвива дискусија на техничко ниво во рамки на помошните тела на Советот како подготовка за дијалог во рамки на Советот на ЕУ претставен од таканареченото „трио“, односно тековното и двете последователни претседателства, со министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите - кандидати за членство од Западен Балкан и Турција. Процесот завршува со донесување заеднички заклучоци врз основа на оценката на ПЕР и се даваат препораки за подобрување на макроекономската политика на земјата, управувањето со јавните финансии и квалитетот на структурните реформи (т.н. "Policy guidance" – „Насоки за политиките“). Земјите кандидати при подготовка на наредната ПЕР се должни да известат за степенот на спроведување на препораките во минатата година, а во насока на исполнување на првиот економски критериум за пристап во ЕУ - постоење на функционална пазарна економија.

Програмата за економски реформи 2019 – 2021 е усвоена од страна на Владата на Република Северна Македонија на 22 јануари 2019 година, а официјално е доставена до Европската Унија на 31.01.2019 година.

Самата подготовка на ПЕР како кохерентен стратешки документ и нејзиното навремено доставување до ЕК, претставува потврда за капацитетот на администрацијата на земјата, од аспект на координација на економските политики и ефикасност во работата. ПЕР е заеднички резултат на повеќе институции, а целокупната подготовка се координира од страна на Министерството за финансии.

ПЕР е комплексен документ кој се изработува согласно Водичот на Европската Комисија за подготовка на ПЕР од април 2018 година. При избор на клучните секторски структурни реформи, институциите ги имаат предвид предизвиците и проблемите во соодветните области, кои влијаат врз зголемување на конкурентноста и економскиот раст на земјата, како и на создавањето на работни места. При подготовка на ПЕР 2019 – 2021 земени се предвид повеќе стратешки и други документи:

Резиме на реформските мерки во ПЕР 2019 - 2021

Реформи на пазарот на енергија и транспорт

Мерка 1: Зголемување на конкуренцијата на пазарот на електрична енергија

Мерка 2: Промоција на обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност

Мерка 3: Олеснување на прекуграничното преминување помеѓу Македонија и Србија

Мерка 4: Имплементација на Интелигентен транспортен систем (ИТС) долж Коридорот 10

Развој на земјоделскиот сектор

Мерка 5: Подобрување на системите за наводнување

Мерка 6: Консолидација и дефрагментација на земјоделско земјиште

Мерка 7: Земјоделски задруги

Развој на секторот индустрија

Мерка 8: Финансиска поддршка на инвестициите

Мерка 9: Финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија

Развој на секторот услуги

Мерка 10: Зголемување на конкурентноста во секторот туризам и угостителство

Деловно окружување и намалување на неформалната економија

Мерка 11: Хармонизација на правната рамка на јавните набавки со законодавството на Европската унија (Acquis)

Мерка 12: Развој на национален портал за е-услуги. Оваа мерка е поврзана со петтиот заклучок донесен во рамки на Економски и финансиски дијалог во мај 2018 година „Подготовка на регистар на парафискални давачки на централно и локално ниво со јасно наведување на намената/целта на секоја давачка, и негово јавно објавување“.

Мерка 13: Намалување на неформалната економија. Оваа мерка е поврзана со четвртиот заклучок донесен во рамки на Економски и финансиски дијалог во мај 2018 година „Подготовка на проценка на ризик со фокус на сектори и гранки кои се најподложни на неформалноста и идентификување и примена на соодветни корективни мерки“.

Истражување, развој и иновации и дигитална економија

Мерка 14: Подобрување на инфраструктурата и пристапот до финансии за истражување, развој и иновации

Реформи поврзани со трговијата

Мерка 15: Олеснување на трговијата

Образование и вештини

Мерка 16: Понатамошен развој на системот на квалификации

Вработување и пазар на труд

Мерка 17: Гаранција за млади. Оваа мерка е поврзана со шестиот заклучок донесен во рамки на Економски и финансиски дијалог во мај 2018 година „Олеснување на пристапот на жените до пазарот на трудот и обезбедување на доволен капацитет на Агенцијата за вработување за спроведување на Гаранцијата за млади“.

Социјална заштита и инклузија

Мерка 18: Унапредување на паричните надоместоци во социјалната заштита. Оваа мерка е поврзана со првиот и шестиот заклучок донесен во рамки на Економски и финансиски дијалог во мај 2018 година „Рационализација и подобро таргетирање на социјалните расходи и земјоделските субвенции“ и „Усвојување на Законот за социјална заштита со цел подобро таргетирање на оние кои се изложени на ризик од социјална исклученост“.

Повеќе информации за Европскиот семестар и Економско управување од аспект на исполнување на Копенхагенските критериуми има на следниве веб страници:

https://ec.europa.eu/info/business-economy-euro/economic-and-fiscal-policy-coordination/eu-economic-governance-monitoring-prevention-correction/european-semester_en

и

https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/policy/policy-highlights/economic-governance_en

На страната на Министерството за финансии може да ги преземете сите досегашни програми на економски реформи и претпристапни економски програми