Почеток на Фин Хакатон во Министерство за финансии

6 јули 2018, Скопје - Денес започнува Фин Хакатон во Министерството за финансии. Почетокот на Фин Хакатон ќе биде одбележан со обраќања на министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски. Настанот е во Министерството за финансии, со почеток во 17.15 часот.