Тевдовски за К5: 30-годишната обврзница значи доверба на инвеститорите во иднината на земјата

 
00:00

24 април 2018, Скопје - Денеска Македонија за првпат издаде обврзница со рочност од 30 години. Досега највисока рочност на државните обврзници изнесуваше 15 години, значи има серизоно зголемување на рокот на достасување.

Тоа е најголем показател за довербата која ја имаат инвеститорите во кредибилноста на фискалната политика која се води од страна на Министерството за финансии, но и во насоката во која се движи Македонија. Ако некој вложува во многу поголема рочност, во поголем период, тоа значи дека тој има доверба и во политиките и во насоката во која што се движи земјата, вели во интервју за Канал 5 министерот за финансии Драган Тевдовски.