Ден на Буџет на РМ - 2 април

 
00:00

2 април 2018, Скопје - На денешен ден во 1992 година е донесен првиот Буџет на независна Република Македонија. Првиот Буџет бил предложен од министерот за финансии Методија Тошевски, а потпишан од тогашниот претседател на Собранието Стојан Андов и Претседателот на Република Македонија Киро Глигоров.

Годинава за прв пат Министерството за финансии го одбележува овој ден. Министерството за финансии денес е модерна институција, во која работат врвни професионалци. Тие се сервис на граѓаните и државата во управувањето со јавните финансии.

Доброто управување со јавните финансии придонесува кон подобро здравство, образование, инфраструктура, кон подобра иднина. Овие цели се одразуваат и во Буџетот.

Посветени сме кон постигнување на овие цели, со транспарентност и отчетност.

Посветени сме кон европските вредности и стандарди.

Го посветуваме овој ден на сите граѓани во Република Македонија.