Меѓународни финансиски односи, соработка со ЕУ и управување со јавен долг

Секторот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг врши работи кои се однесуваат на соработка со меѓународни и билатерални финансиски институции, односно комуникација и координација со овие институции околу активностите потребни за подготовка и реализација на проектите финансирани со странски заеми и донации, потоа подготовка и организација на сите фази од постапката на склучување на договорите за заем и договорите за гаранција, како и следење на степенот на реализација на проектите финансирани со странски заеми и донации и предлагање активности и мерки за надминување на проблемите кои се јавуваат при подготовката и имплементацијата на проектите финансирани со странски заеми и донации.

Во рамките на своите надлежности, Секторот презема и мерки и активности со цел ефикасно управување со јавниот долг на Република Северна Македонија преку обезбедување  средства за извршување на Буџетот на државата и издавање државни гаранции на начин кој одговара на прудентното ниво на ризик, со најниски трошоци на среден и долг рок. Дополнително, Секторот презема мерки и активности за одржување ефикасен и ликвиден пазар на државни хартии од вредност.

Исто така, Секторот врши координација на активностите на Министерството за финансии поврзани со усогласување на законодавството на Република Северна Македонија со законодавството на ЕУ и го координира исполнувањето на обврските кои произлегуваат од НПАА и другите стратешки документи за европска интеграција.

Клучни контакти:

Раководител на сектор
Дејан Николовски
телефон: ++389 2 3255 411,
е-пошта: dejan.nikolovski@finance.gov.mk

Помошници раководители на секторот од областа на меѓународните финансиски односи и Европска Унија

Андрија Алексоски
телефон: ++389 2 3255 412,
е-пошта: andrija.aleksoski@finance.gov.mk

Кристина Павловска
телефон: ++389 2 3255 413,
е-пошта: kristina.pavlovska@finance.gov.mk