Doing Business: Македонија меѓу трите топ-реформатори во светот

Македонија се наоѓа меѓу трите светски топ-реформатори што придонесе да ја подобри својата позиција на главниот индикатор за водење бизнис. Според овој индикатор, Македонија e на

32. место што претставува напредок од 37 позиции споредено со лани кога беше 69. во Извештајот на Светската банка Doing Business.

&nbsp

Македонија е сместена меѓу државите што имаат преземено реформи во деловната и бизнис регулатива. Извештајот на Свестка банка прави ранг листа на 183 држави, според десет показатели за тоа колку време е потребно и колку пари се бараат во секоја од земјите, за почнување бизнис, како и колку се плаќа данок.

&nbsp

Македонија е најдобро рангирана држава од регинот, пред Бугарија која е 44-та, Словенија 53-та, Романија 55-та, Црна Гора е на 71 место, Албанија на 82., Србија е 88, Хрватска 103, а Грција 109-та.

&nbsp

По прв пат, Руанда, земја во потсахарска Африка, е рангирана на чело во овој дел од реформите. По неа следат Киргистан и Македонија, а потоа Белорусија, Обединетите Арапски Емирати, Молдавија и Колумбија.

&nbsp

Според извештајот на Светска Банка, рекоредн број од 131 држава успеале да ги реформираат законите, како и условите за почнување и водење бизнис и тоа во услови, како што се вели, на најголемата светска економска криза по завршувањето на Втората светска војна. Извештајот на Банката открива дека реформите се особено забележливи во државите од Источна Европа, централна Азија и од северот на Африка.

&nbsp

Светска Банка и овој пат го прогласи Сингапур како земја, каде најбрзо и најлесно може да се почне бизнис и да се склучи некоја деловна зделка. По него, на второто и третото место се рангирани Нов Зеланд и Хонгконг.(МИА)