Финансиска поддршка за средношколците од загрозените семејства со средства од Светска банка

Децата кои посетуваат редовно средно училиште, а потекнуваат од семејства приматели на социјална помош ќе добиваат годишно по 12.000 денари за потребите за нивното школување.

&nbsp

Средствата се обезбедени од Светската банка, а Договорот денеска го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и претставникот на Светската банка во Македонија Маркус Репник.

&nbsp

- Целта на проектот е да помогнеме на сиромашните семејства да ги пратат децата во средно училиште да може да ги извадиме од сиромаштијата, рече министерот Ставрески, кој додаде дека тоа е и поддршка на мерките на Влдата за задолжително средно образование.

&nbsp

Според претставникот на Светската банка Репник ова е значаен проект особено во услови на светска економска криза со кој се штитат најранливите категории на граѓани. -Бенефините од преоктот, како што рече тој, ќе се чувствуваат откако ќе помине кризата.

&nbsp

Репник смета дека успехот на проектот не зависи само од Владата, која прави значајни чекори во овој план, туку и од секој граѓанин на Македонија кој има деца и треба да вложи напори за да им обезбеди образование.
Македонија е прва земја од регионот со ваков проект. Се спроведувал во Мексико и Бразил пред 10 години, како и во некои други земји кои имаат успешно искуство.

&nbsp

Со договорот Македонија добива 19 милиони евра. Рокот на отплата е 25 години, со седум години грејс период и варијабилна каматна стапка која е приближно еден процент. Потенцијални корисници на средствата се проценуваат на 18 до 20 илјади, а услов за да ги добијат се да бидат редовни ученици и да го завршат образованието.(МИА)