Вести

Тевдовски за Блумберг - Се очекува раст по враќањето на довербата во македонската економија
18.10.2017

18 октомври 2017 (Блумберг) – Економскиот раст во Република Македонија, следната година може да биде повисок од 3%, откако со формирање на владата на премиерот Зоран Заев пред четири месеци се заврши двегодишната политичка криза што ги забавуваше инвестициите.

Заменик министерката Елези на Самитот 100
17.10.2017

17 октомври 2017, Скопје - Заменик министерката за финансии д-р Ширет Елези денеска присуствуваше на премиерскиот панел на Самит 100, кој се одржува во Скопје.

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност
17.10.2017

17 октомври 2017, Скопје - Министерството за финансии на денешната аукцијата издаде државни хартии од вредност во износ од 2.444,84 милиони денари (39,75 милиони евра).

Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.484,66 милиони денари со камата од 1,85%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 500,00 милиони денари со камата од 2,10% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 460,18 милиони денари со камата од 3,80%.

Македонија е домаќин на Поткомитетот за стабилизација и асоцијација
17.10.2017

17 октомври 2017, Скопје - Република Македонија е домаќин на Четиринаесетиот состанок на Поткомитетот за економски и финансиски прашања и статистика, кој се одржува денеска во Скопје.

Тевдовски: Активно работиме на проект за поврзување на домашни и странски фирми
16.10.2017

16 октомври 2017, Скопје - Транспарентниот и чесен пристап на Владата, како и приближувањето кон НАТО ќе донесе дополнителни странски инвестиции во земјава. Активно се работи на проект за поврзување домашни и странски компании од автомобилската индустрија, со што ќе се обезбеди повеќе работа и за домашните фирми. Ова во интервју за Гласот на Америка го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествува на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

МФ: Веќе е почната исплатата на повисока минимална плата во јавниот сектор
10.10.2017

10 октомври 2017, Скопје - Во насока на точно информирање на јавноста, Министерството за финансии истакнува дека ќе ги почитува законите и прописите во однос на исплатата на минималната плата во јавниот сектор. Исплатите на минималната плата се вршат согласно законските решенија и доставените барања од буџетските корисници.

МФ Тевдовски на средба со италијанскиот амбасадор во Македонија Карло Ромео
04.10.2017

4 октомври 2017, Скопје - Министерот за финансии Драган Тевдовски денес се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео.

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност
03.10.2017

3 октомври 2017, Скопје - Министерството за финансии на денешната аукција издаде државни хартии од вредност во износ од 4.444,24 милиони денари (72,26 милиони евра).

Средба на МФ Тевдовски со првиот цариник на Хрватска Човиќ
03.10.2017

3 октомври 2017, Скопје – Денеска, тимот на Министерството за финансии и Царинската управа, предводен од министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, оствари средба со директорот на Царинската управа и помошник-министер за финансии на Хрватска, Хрвоје Човиќ и претставници на хрватската царина.

Мисијата на Светска банка задоволна од транспарентноста и соработката со институциите
29.09.2017

29 септември 2017, Скопје - Светска банка имаше мисија во Македонија од 25 до 29 септември, во рамки на која со тимот на Министерството за финансии и други ресорни министерства беа одржани низа дискусии околу политиките во областите што ќе бидат опфатени со новиот Преглед на јавни финансии (Public Finance Review), кој ќе се изработува во текот на наредната година.

Pages