Сектор за јавна внатрешна финансиска контрола

 

Добредојдовте во светот на PIFC

 

 

“Концептот на јавната внатрешна финансиска контрола (Public Internal Financial Control - PIFC) е развиен од Европската Комисија со цел да обезбеди структуриран и оперативен модел кој ќе помогне на националните влади во редизајнирање на нивната внатрешна контролна средина и особено да се унапреди нивниот контролен систем во јавниот сектор во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите практики на ЕУ. Моделот на јавната внатрешна финансиска контрола е широко прифатен и често употребуван од многу земји, вклучувајќи и некои земји надвор од ЕУ. Постојат докази за успешноста и јас силно го препорачувам.“

  

Luis ROMERO REQUENA

Director General DG Budget

  

Кога е отпочнат процесот на зајакнување на финансиската контрола во Република Македонија?

 

Процесот на зајакнување на системот на јавната внатрешна финансиска контрола во Република Македонија е отпочнат во 2000 година и се спроведува преку развој и примена на принципите на децентрализирана одговорност на раководството и воспоставување функционално независна внатрешна ревизија. Целта на овој процес е изградба на систем кој ќе гарантира разумно користење на јавните средства.

 

Законска рамка на јавната внатрешна финансиска контрола

 

 

Јавната внатрешна финансиска контрола во Република Македонија е регулирана со :
Законот за јавна внатрешна финансиска контрола ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/09), Правилникот за формата ,содржината и начинот за доставување на изјавата за квалитетот и состојбата на внатрешните контроли ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 08/08) кој ке престане да важи од 1 септември 2011, подзаконските акти кои се донесени врз основа на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола ( „Службен весник на Република Македонија“ бр 90/09), и објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр.136/11 и 147/11 и Прирачникот за финансиско управување и контрола и Прирачникот за внатрешна ревизија објавени на Web страната на Министерството за финансии

 

 

Што е јавната внатрешна финансиска контрола?

  

Јавна внатрешна финансиска контрола (Public Internal Financial Control - PIFC), е термин кој што го употребува Европската комисија во рамки на преговорите за Поглавјето 32. Финансиска контрола. Јавната внатрешна финансиска котрола (PIFC) претставува целосно консолидиран систем за управување, мониторинг, контрола и ревизија на националните јавни средства и средствата на ЕУ воспоставен од Владата. Тој се состои од следните основни елементи:

    1. Систем на финансиско управување и контрола (FMC),

    2. Внатрешна ревизија (IA), и

    3. Хармонизација на финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија. 

 За што е надлежен Секторот за јавна внатрешна финансиска контрола во Министерството за финансии, како Централна единица за хармонизација на финансиското управување и контрола и внатрешна ревизија?

 

 

Централната единица за хармонизација е надлежна за :

  • подготовка на закони и подзаконски акти од подрачјето на финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија;
  • изготвување на методологија и стандарди за работа за финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија;
  • координирање на обуки за раководителите и вработените вклучени во финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија;
  • координација при воспоставувањето и развојот на системот на внатрешна финансиска контрола;
  • воспоставување и одржување база на податоци за единиците за внатрешна ревизија и донесените повелби;
  • воспоставување и одржување регистар на овластени внатрешни ревизори кои го положиле испитот за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор и поседуваат меѓународно признат ревизорски сертификат;
  • соработка со институции одговорни за прашања од јавната внатрешна финансиска контрола од земјата и странство и размена на информации за развој на јавната внатрешна финансиска контрола;
  • супервизија на квалитетот на системот на финансиско управување и контрола;
  • супервизија на квалитетот на работењето на единиците за внатрешна ревизија; и
  • изготвување на Годишен извештај за функционирање на системот на јавна внатрешна финансиска контрола врз основа на годишните финансиски извештаи од член 47 од законот кој Министерството за финансии го доставува до Владата на Република Македонија, најдоцна до крајот на јули тековната година за претходната година.
  • организирање на ad hoc ревизии кои ги извршуваат внатрешни ревизори од одделни субјекти од јавниот сектор, за ревизии кај кои предметот на ревизија го надминува опфатот односно надлежноста на одделниот субјект од јавниот сектор или предметот на ревизија е од таква природа што мултидисциплинарниот приод на внатрешната ревизија е покорисен. Наодите и препораките кај овој вид на ревизија ќе бидат дискутирани со ревидираните субјекти и конечниот извештај доставен до инволвираните субјекти.

     

Проекти за зајакнување на системот на јавна внатрешна финансиска контрола

 

“Проект за реформа на јавната администрација“

 Финансиран од PHARE програмата, 2000 година,

- Изготвен Прирачник за интерна ревизија издаден во март 2000 година

 

 

 

 

 

Проект “ Развој на политика на Република Македонија во областа на внатрешната ревизија и обука" 2004 година

Финансиран од холандскиот грант и администриран од Светската банка

- Изготвен Прирачник за внатрешна ревизија,

- Материјали за обука за внатрешна ревизија,

- Изготвен Закон за внатрешна ревизија во јавниот сектор (септември 2004 година),

 

 

 

Проект “ Техничка помош на Министерството за финансии за развој на внатрешната ревизија" (февруари 2005 година -февруари 2006 година)

Финансиран од Европската Комисија, а управуван од Европската агенција за реконструкција,

- Изготвен  Прирачник за внатрешна ревизија - Упатство за методите и техниките на внатрешната ревизија,

- Практични совети за внатрешна ревизија

Брошури:

- Развој на внатрешната ревизија и јавната внатрешна финансиска контрола,

- Развој на внатрешната ревизија,

- 4 клучни прашања за внатрешната ревизија во единиците на локална самоуправа

  

Проект “ Обука за системска ревизија за внатрешните ревизори во јавниот сектор на РМ“

Финансиран од холандски грант, и администриран од Светска Банка, 2005 година

- Спроведени 10 пилот системски ревизии

 

 

 

 

 

 

 

 

Твининг проект “ Зајакнување на системот за јавна внатрешна финансиска контрола во Република Македонија“

Финансиран од ЕУ (април 2007 година- декември 2008 година)

- Презентација за предностите на твининг проект (Хаг, 4 јуни 2008)

- Презентација за развојот на Јавната внатрешна финансиска контрола во Република Македонија (Брисел, 17 март 2009)

 

 


 

 

 

 

Твининг проект „Поддршка на процесот на фискална децентрализација преку зајакнување на капацитетите за стабилно финансиско управување и внатрешна финансиска контрола на локално и централно ниво

 

- Билтен твининг февруари 2011 година