Сектор за внатрешна ревизија

Секторот за внатрешна ревизија организира и спроведува внатрешна ревизија во Министерството за финансии согласно со законските прописи, меѓународните стандарди за внатрешна ревизија и интерните акти на Министерството за финансии.

Внатрешната ревизија е независна и објективна активност за проверување на информации, потврдување на нивната точност и давање совет, создадена со цел да придонесе во подобрување на работењето на министерството.

Таа му помага на раководството на министерството да ги исполни своите цели применувајќи планиран, строго определен пристап за процена и подобрување на успешноста во процесите на управување со ризикот, контролата и раководењето.

Клучни контакти:

Раководител на сектор

Виктор Ѓорчев
телефон: 02/3255-508
е-пошта: viktor.gjorcev@finance.gov.mk