- Насловна
- Министерство
- ЈАВНИ ФИНАНСИИ
- Државни хартии од вредност
- Даноци
- Финансиски систем
- ЕУ и меѓународни финансии
- Макроекономија
- Децентрализација
- Закони и прописи
- Проекти и кампањи
- Обуки и стручни испити
Соработка со Светска банкаГрупацијата на Светска банка (www.worldbank.org) е една од светските водечки институции во борбата против сиромаштијата и подобрувањето на стандардите за живеење на луѓето во земјите во развој. Таа е развојна банка која обезбедува заеми, советодавна поддршка за политики, техничка помош и услуги насочени кон размена на знаењето.
Светската банка е една од специјализираните агенции на Обединетите нации, која има 187 земји-членки како акционери. Бројот на акции што може да ги има една земја се заснова приближно на големината на нејзината економија. Владите-акционери во Светската банка се застапувани од страна на Одборот на Гувернери, како главен креатор на политиките, кој делегира специфични задачи на 25-те Извршни директори. Претседателот на банката претседава со состаноците на Одборот на Директори и е задолжен за целокупното управување со банката.
Групацијата на Светска банка се состои од пет тесно поврзани институции:
Република Македонија стана членка на Светската банка во 1993 година и е дел од Холандската конституенца. Мисијата на Светска банка во Република Македонија се фокусира на поттикнување и поддршка за создавање нови работни места, како и на подобрување на стандардите за живеење преку спроведување и финансирање проекти, консултантски услуги и истражување во насока на градење на капацитети, развој на човечки ресурси и инвестиции во инфраструктурата (www.worldbank.org.mk).
Досега, Светската банка се покажа како исклучително лојален и посветен партнер, кој даде особен придонес во реформирањето и модернизирањето на сите сегменти на македонската економија. Тековната помош од Светска банка се спроведува во согласност со приоритетите утврдени во Стратегијата за партнерство на Република Македонија со Светска банка за периодот 2007-2010 година во износ од 280 милиони УСД. Идната соработка ќе се остварува согласно новата Стратегија за партнерство на Република Македонија со Светска банка за периодот од 2011-2014 година во износ од 200 милиони УСД.
Согласно новата Стратегија за партнерство на Република Македонија со Светската банка, помошта од оваа меѓународна институција ќе се фокусира на следново:
Иако најголем дел од помошта на Светска банка во Република Македонија се состои од ИДА-кредити и ИБРД-заеми кои креираат обврска за нивно отплаќање, Светската банка преку своите одржливи проекти има значајна улога и во донаторската заедница во Република Македонија.
Тековни Проекти финансирани со заеми и грантови од страна на Светска банка во Република Македонија |











