Обуки и стручни испити

ПОВИК за пријавување за учество во обуката за сертифицирање на сметководители во јавниот сектор

Министерството за финансии од втората половина на месец мај 2014 година во соработка со Центарот за развој на финансиите (Center of Excellence in Finance-CEF) и Овластениот Институт за јавни финансии и сметководство (Chartered Institute of Public Finance and Accountancy-CIPFA) ќе започне со реализација на третиот циклус на Обуката за сертифицирање на сметководители во јавниот сектор (Public Accountants Certification Training-PACT).

 

Сите лица кои се заинтересирани за стекнување на сертификат за сметководител во јавниот сектор, потребно е до Министерството за финансии да ги достават следните документи:

 

  • Диплома за завршено високо образование,
  • Формулар за пријавување на македонски и англиски јазик
    (en) (mk)
  • Изјава за согласност на одговорното лице (тука)

 

Документите е потребно да се достават најдоцна до 29.05.2014 година на следната адреса:

Министерство за финансии


ул. Даме Груев бр.14
1000 Скопје

Со назнака: Обука за сертифицирање на сметководители во јавниот сектор

 

Министерството за финансии со избраните кандидатите ќе склучи Договор за обука за сертифицирање на сметководители во јавниот сектор.

Избраните кандидати дополнително ќе бидат известени за датумот на почеток на Обуката.

 

Обуката се реализира преку посета на предавања. Бројот на наставни предавања за секој од двата меѓународни модули е десет, додека за националниот модул бројот на предавања е пет.


Предавањата за секој од трите модули ќе се одржуваат во текот на два календарски месеци, врз основа на утврден распоред. Времетраењето на едно предавање е осум часа.


За секој модул се предвидени по два испитни рока, испитите ќе се одржуваат во сабота и времето за полагање на секој испит е три часа.

 

Брошура PACT


Лице за контакт:
Александра Димовска
телефон: 02/3106-191
е-адреса: aleksandra.dimovska@finance.gov.mk