- Насловна
- Министерство
- Министер
- Заменик министер
- Државен секретар
- Кабинет
- Државни советници
- Органи во состав
- Сектори
- Буџет и фондови
- Трезор
- Меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг
- ЦФСД
- Управување со јавен долг
- Даночен систем
- Царинска политика
- Финансиски систем
- Макроекономска политика
- ЕУ и Меѓународни финансии
- Финансиска контрола
- Второстепена управна постапка
- Информатика
- Управување со средства
- Правни работи
- Самостојни одделенија
- Структура
- Мисија
- Историјат
- ЈАВНИ ФИНАНСИИ
- Државни хартии од вредност
- Даноци
- Финансиски систем
- ЕУ и меѓународни финансии
- Макроекономија
- Децентрализација
- Закони и прописи
- Проекти и кампањи
- Обуки и стручни испити
Илинденско востание и АСНОМ
Теохар Нешков ја извршувал функцијата повереник за финансии во Владата на Крушевската Република
Во десетдневното постоење на Крушевската Република, од 2-ри до 12-ти август 1903 година, Теохар Нешков бил задолжен за средување на нејзините финансии.
За жал, постојат многу малку податоци за оваа личност, освен за трагичното завршување на неговиот живот.
Имено, по крвавото задушување на Првата република на Балканот и влегувањето на турците во Крушево, се определил да остане во градот и се засолнил во подрумот на куќата од неговиот брат.
Вечерта, на 12 август 1903 година, турскиот аскер го освоил градот, по што утредента започнал теророт, пљачкосувањето и палењето на градот.
Трагичната судбина не го одминува ни Теохар Нешков, првиот повереник за финансии во современата македонска историја.
Богоја Фотев (1900 - 1993) бил избран за член на Президиумот на АСНОМ на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), одржано на 2-ри август 1944 година, при што бил избран и за повереник по финансии.
Во рамките на Поверенството била формирана Македонската државна каса во која биле депонирани 80 милиони бугарски левови, кои биле запленети од банки во Битола, Прилеп и други градови.
Набрзо по конечното ослободување на земјата, пред Поверенството за финансии се поставила задачата за изнаоѓање на нови извори на финансиски средства :
Поверенството за финансии ја спровело само првата одлука, додека за второто прашање Президиумот донел заклучок тутунот да се испрати во Белград.
Ова Поверенство за финансии функционирало до изборот на првата Влада на Македонија, која Народното собрание на Народна Република Македонија ја избира на 16 април 1945 година.
Во таа Влада не постоело посебно министерство за финансии, туку работите од областа на финансии ги извршувало Министерството за трговија и снабдување, каде што министер бил Тоде Ношпал.
Инаку, на 17 април 1946 година Богоја Фотев е избран за претседател на Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија, на местото од Методија Андонов - Ченто.
Во 1948 година, за време на Резолуцијата на Инфорбирото, односно политичкиот судир меѓу СФРЈ и СССР, Богоја Фотев се определува за недоминантната политичка струја и се повлекува од јавниот политички живот, враќајќи се во село Бистрица, битолско, каде станува индивидуален земјоделец, доживувајќи длабока старост. |













