- Насловна
- Министерство
- ЈАВНИ ФИНАНСИИ
- Државни хартии од вредност
- Даноци
- Финансиски систем
- ЕУ и меѓународни финансии
- Макроекономија
- Децентрализација
- Закони и прописи
- Проекти и кампањи
- Обуки и стручни испити
„Газпром“ и Владата в петок ќе разговараат за вклучување на Македонија во „Јужен поток“Делегација на руската компанија „Газпром“ в петок во Скопје ќе разговара со претставници на Владата за вклучување на Македонија во трасата на „Јужен Поток“.   Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска изјави дека ќе се обидат да ги убедат претставниците на „Газпром“ оти постојат можности за вклучување на Македонија во овој проект.   - Ќе направиме се да ги убедиме претставниците на „Газпром“ дека постојат можности коишто обезбедуваат и финансиска исплатливост на проектот за „Газпром“ и Република Македонија, за да се вклучи Македонија како транспортен коридор за Јужниот Поток или да биде приклучена во соодветен крак, што е од значаење за стабилноста и сигурноста за испораката на гас во иднина, рече министерот Ставрески.   Во составот на високата делегација на „Газпром“ ќе бидат двајца директори и потпретседатели на руската компанија.(МИА) |










