Меѓународни финансии

Меѓународната финансиска соработка се одвива преку соработка со билатерални кредитори и мултилатерални финансиски институции. Соработката со билатералните кредитори е поинтензивна со Сојузна Република Германија, Јапонија, Италија и други држави, како и со нивните развојни финансиски институции: Кредитна банка за обнова

 

– КфВ, Јапонската агенција за меѓународна соработка – ЏАЈКА и други. Соработката со мултилатералните финансиски институции се одвива со Групација Светска банка, Меѓународен монетарен фонд (ММФ), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), соработка со други агенции на ООН, Европска инвестициона банка (ЕИБ) и Банка за развој при Советот на Европа (ЦЕБ).

 

Билатерална соработка

Мултилатерална соработка