Даноци и царини

Даночен и царински систем на Република Македонија

Република Македонија воспостави едноставен даночен систем кој се карaктеризира со ниски даночни стапки, со што тој е меѓу најконкурентните во Европа. Даночниот систем се состои од директни даноци (данок на добивка, персонален данок на доход и даноци на имот) и индиректни даноци (данок на додадена вредност и акцизи). Воведувањето рамен данок од 10% за данокот на добивка и персоналниот данок на доход го поедностави администрирањето на даноците и го стимулираше работењето на компаниите. Потрошувачката во Република Македонија се оданочува  со општа стапка од 18% и повластена стапка од 5% данок на додадена вредност.  Царинската политика е во функција на зголемување на конкурентноста на македонската економија преку намалување на трошоците на работењето на економските субјекти и нивна заштита од нелојална конкуренција, олеснување, забрзување и поедноставување на царинските постапки.

Даноци

Царини

Акцизи

Одбегнување двојно оданочување

Второстепена постапка