Средби на вицепремиерот Ставрески со првите луѓе на ММФ и на Светска банка

Заменик претседателот на македонската Влада, Зоран Ставрески денеска во Вашингтон ќе има одвоени средби со директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан и со претседателот на Светската Банка, Роберт Зелик.

На овие средби, ќе стане збор за актуелните настани поврзани со глобалната финансиска криза, како и за можностите за вклучување на Светската банка и ММФ во напорите за нејзино надминување.

Вицепремиерот Ставрески престојува во неколкудневна посета на Вашингтон во својство на претседавач на Генералното собрание на Светската Банка и ММФ за 2008 година, што ќе се одржи на 13 октомври 2008 година. Во работата на Собранието ќе учествуваат министри и гувернери на Централните банки од над сто земји во светот, меѓу кои претставници на Министерството за финансии на предводени од министерот за финансии Трајко Славески и претставници на Народната банка на Република Македонија.