Проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка)

Цел на Проектот

Основна цел на проектот е преку финансирање на општините, по пат на долгорочно on-lending задолжување, да се овозможи реализирање на инвестициони проекти кои преку зголемување на приходите односно намалување на оперативните трошоци на општината/ЈП, ќе придонесат кон подобрување на перформансите на општината, квалитетот на комуналните и другите општински услуги како и развиток и зајакнување на општински функции и надлежности уредени со Законот за единиците на локалната самоуправа.

Целна група (Корисници на средствата на Проектот)

Со Проектот ќе бидат опфатени општините кои се во  втора фаза од фискалната децентрализација и кои согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Упатството за начинот и постапката за задолжување на општините и јавните претпријатија во Република Македонија, издадено од Министерството за финансии во целост ги исполнуваат условите за долгорочно задолжување.

 

Компоненти на Проектот

Компонента А: Инвестициони под-заеми – во износ од 20 милиони САД долари

Оваа компонента ќе обезбеди долгорочни заеми кон општините кои ги исполнуваат условите за задолжување.

Со проектот може да се финансира:

  • Водоснабдување: ќе се финансираат градежни работи, опрема и консултантски услуги за поправка на услуги на водоснабдување, вклучително и поставување на водомери, уреди за откривање на загуби во вода и поправка, рехабилитација и поправка на мрежата, мерење на притисок по зони и опрема за изведување на соодветните операции, како и ургентни поправки на одводни канали, опрема за одржување на одводните канали и замена на цевки.
  • Управување со цврст отпад: финансирање на инфраструктура за собирање на отпадот, опрема за поддршка, како на пример канти за собирање на отпадот, возила за собирање на отпадот, и останата опрема и консултантски услуги, и до одреден износ градежни работи и опрема за надградба на постоечките места за чување на отпадот со цел да се задоволат минималните санитарни критериуми.
  • Останати инвестиции кои генерираат приходи или носат заштеди во трошоците: финансирање на градежни работи, опрема и соодветни консултантски услуги за надградба/проширување на останатите услуги или објекти за кои се надлежни општините, како на пример системи за атмосферска канализација – прифаќање и одведување на атмосферски води, јавни згради како на пример училишта, урбани транспортни системи, итн. за да се намали потрошувачката на енергија или на друг начин да се зголеми ефикасноста.  

 

Проектот нема да финансира:  

 

  • пречистителни станици,
  • продолжување на канализациона мрежа,
  • и работи кои се однесуваат на нови или постоечки депонии.

 Услови за препозајмување на средствата:

  • каматна стапка:   шест месечен ЛИБОР за евро валута со варијабилен распон
  • грејс период:        максимум 3 години
  • рок на отплата:    максимум 10 години

 

Компонента Б: Градење на капацитети и институционално зајакнување – во износ од 1 милион САД долари

Оваа компонента вклучува консултантски услуги и техничка помош на општините за: Подготовка на под-проекти, Градење на локалните капацитети, и Засилување на институциите на национално ниво.

Компонента В: Грантови за успешност – во износ од 3 милиони САД долари

Оваа компонента обезбедува грантови за општините како иницијатива и награда за имплементација на реформи насочени кон подобрување во обезбедувањето на услугите. Грантовите за успешност ќе бидат доделени врз основа на исполнување на 4 од наведени 7 критериуми, откако ќе се направи верификација на имплементацијата на мерките. Износот на грантот кој се доделува е поврзан со големината на заемот за соодветната општина и може да достигне до 20% од вкупниот износ на под-заемот.

Средствата од грантот единствено можат да се користат за финансирање на инвестициони проекти.

Компонента Г: Проектен менаџмент, мониторинг и евалуација – во износ од 1 милион САД долари

 

 

Клучни контакти на Проектната единица за имплементација на МСИП Проектот:


Директор

Златка Стамболиска-Поповска

телефон: ++ 389 2 3296 504, факс: 02/3296 503

е-пошта: zlatka_s_popovska2002<at>yahoo.com

 

Специјалист за финансиско управување

Љубица Патлиџанковска

телефон/факс: ++389 2 3296 994

е-пошта: ljubica.patlidzankovska<at>finance.gov.mk

 

Специјалист за набавки

Сашко Баџуков

телефон: ++ 389 2 3296 993

е-пошта: sasko.badzukov<at>finance.gov.mk

 

Позначајни документи поврзани со имплементацијата на Проектот

 

Оперативен прирачник за управување со МСИП проект

Документ за оценка на МСИП проектот

Процедури за пријавување на под-проект