Управа за имотно-правни работи

Управата за имотно правни работи е орган во состав на Министерството за финансии, без својство на правно лице.

 

 в.д.Директор Зоран Крстаноски

 

Контакт тел 3106-242


 

ул. Даме Груев бр.14,  1000 Скопје, Република Македонија

 

 

ПОСТАПКА ПО ЗАКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

(“Службен весник на РМ”, бр.4/05, 13/07, 165/08,146/2009 18/11 и 51/11)

 

 

 

 

Постапката за приватизација на градежно земјиште се покренува по барање на корисникот на градежното земјиште (барање за приватизација).

Барањето за приватизација се поднесува до органот на државната управа надлежен за имотно-правните работи на подрачјето каде што се наоѓа градежното земјиште што е предмет на приватизација.

 

Барањето треба да ги содржи:

1.      основата на правото што се бара: (приватизација без обврска за плаќање надомест, односно приватизација со обврска за плаќање надомест) и

2.      начин на плаќање на надомест.

Кон барањето се приложуваат:

·         доказ за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите за наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа за физички лица), односно извод од соодветниот регистар за правни лица,

·         правната основа, односно актот врз основа на кој е стекнато правото на користење на градежното земјиште на кое се однесува барањето за приватизација (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган и друго),

·         податоци за градежното земјиште од соодветната јавна книга и тоа: имотен лист од катастарот на недвижностите или поседовен лист од катастарот на земјиштето.

 

Барателот за приватизација во текот на постапката по барање на органот кој одлучува по барањето за приватизација приложува геодетски елаборат за нумерички податоци за градежна парцела.

 

Барањето за приватизација и прилозите се доставуваат во два примерока,  од кои едното барање во оригинал, а второто барање во со прилозите во фотокопија, а обрасци се издаваат во одделението за управна постапка каде што се поднесува барањето.

 

Во зависност од основот по кој е стекнато правото на користење корисниците можат да ги поднесат следните барања:

1.      Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на физички лица стекнато со надомест (образец бр.1)

2.      Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на физички лица стекнато без платен надомест (образец бр.2)

3.      Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на физички лица стекнато по основ на поранешна сопственост (образец бр.3)

4.      Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на правни лица стекнато со надомест (образец бр.4)

5.      Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на правни лица стекнато без платен надомест (образец бр.5)

 

По барањето за приватизација, органот кој решава по барањето (одделението за управна постапка) прибавува по службена должност:

 

1.Копија од катастарски план,

2.Уверение за историски преглед на извршените запишувања во катастарот на недвижности за земјиштето предмет на приватизација и

3.Извод од урбанистички план од општината каде се наоѓа земјиштето предмет на приватизација.

 

 

Уредба за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште (Службен весник на РМ бр. 87/07 ,26/08, 115/09, 46/10 и 48/11)

 

Уредба за изменување на уредбата за висина на надомест за приватизација на градежно земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште - февруари 2008

 

Уредба за изменување на уредбата за висина на надомест за приватизација на градежно земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште - септември 2009

 

Уредба за изменување на уредбата за висина на надомест за приватизација на градежно земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште - април 2010

 

Уредба за изменување на уредбата за висина на надомест за приватизација на градежно земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште –април 2011

 

Образец 1     Образец 2     Образец 3     Образец 4     Образец 5

 

 

 

Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост

 

Закон за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост - февруари 2007

 

Закон за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост - декември 2008

 

Закон за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост - декември 2009

 

Закон за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост –февруари 2011

 

Закон за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост –април 2011 

 

Правилник за формата и содржината на барањето заради недонесување на решение по барањето за приватизација на градежното земјиште во државна сопственост-септември 2011

 

 

 

Управата за имотно правни работи e организациски поделена на два сектори.

 

Секторот за нормативно имотно-правни и облигациони работи ги уредува имотно-правните односи (изготвување и предлагање на законски прописи и подзаконски акти), кога една од страните е државата (експропријација, приватизација на градежно земјиште).

Секторот за нормативно имотно-правни и облигациони работи се произнесува со мислења кога се во прашање сопственичките и другите имотно-правни односи, а се предмет на интерес на Владата и другите државни органи и единиците на локалната самоуправа, како и врши евиденција на недвижните ствари кои државните органи престанале да ги користат и евиденција за потребите од користење на недвижни стари на државните органи согласно:

  • Закон за користење и располагање со стварите што ги користат и располагаат државните органи (“Службен весник на РМ”, бр.8/2005).

 

Клучни контакти

Коста Дојчиновски

телефон: 02/3106-109, факс: 02/3106-362

е-пошта: kosta.dojcinovski@finance.gov.mk

 

Валентина Димитровска

телефон: 02/3106-196, факс: 02/3106-362

е-пошта: valentina.dimitrovska@finance.gov.mk

 

 

Секторот за управна постапка ги врши работите што се однесуваат на координирање на работите и задачите со подрачните одделенија за управна постапка од имотно-правните работи, надзор над примената на прописите во управна постапка, доставување насоки и упатства за еднаква примена на прописите во подрачните одделенија, како и следење на работата на подрачните одделенија за спроведување на првостепената постапка.

 

При водењето на првостепените управни постапки се применуваат следниве закони:

  • Закон за експропријација (“Службен весник на РМ”, бр.33/95, 20/98, 40/99, 31/03, 46/05, 10/08, 106/08 и 156/10)
  • Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (“Службен весник на РМ”, бр.4/2005, 13/2007 ,165/2008,146/2009,18/11 и 51/11)

Од друга страна, подрачните одделенија за управна постапка ги вршат работите што се однесуваат на водењето на првостепена управна постапка од областа на експропријација и приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.

 

 

Клучни контакти

Нада Маневска

телефон: 02/3106-148, факс: 02/3106-362

е-пошта: nada.manevska@finance.gov.mk

 

Авуше Маца

телефон: 02/3106-148

е-пошта: avuse.maca@finance.gov.mk

 

 

Во рамките на секторот функционираат 34 одделенија за управна постапка:

·         Берово, ул.”Димитар Влахов” бр.8, телефон: 033/470-698

·         Битола, ул.”Борка Левата”бб, телефон: 047/237-080, 047/237-070

·         Валандово, ул.”4 Јули” бб, телефон: 034/382-285

·         Велес, ул.”Панко Брашнар” бр.1, телефон: 043/222-096

·         Виница, ул.”Бел камен” бб, телефон: 033/363-287

·         Гевгелија, ул.”7 Ноември” бр.9, телефон: 034/215-390

·         Гостивар, Бул.”Браќа Гиновски” бб, телефон: 042/217-054, 042-211-590

·         Дебар, ул.”Вељко Влаховиќ” бб, телефон: 046/831-577

·         Делчево, Бул.”Македонија” бб, телефон: 033/412-142

·         Демир Хисар, телефон: 047/275-911

·         Кавадарци, ул.”Маршал Тито” бб (зграда на Општината), телефон:043/418-836

·         Кичево, ул.”Борис Кидриќ” бр.1, телефон: 045/220-263

·         Кочани, ул.”Раде Кратовче” бр.1, телефон: 033/274-140

·         Кратово, плоштад “Маршал Тито” бб, телефон: 031/481-469

·         Крива Паланка, ул”Маршал Тито”бр.175, телефон: 031/374-965, 031/375-008

·         Крушево, ул.”Никола Ѓурковиќ” бб, телефон: 048/477-090

·         Куманово, ул.”Гоце Делчев” бб (кај ДЗГР), телефон: 031/426-423

·         Македонски Брод, ул.”Маршал Тито” бб, телефон: 045/275-791

·         Неготино, ул.”Ацо Аџи Илов” бб, телефон: 043/363-019

·         Охрид, ул.”Димитар Влахов” бб (зграда на Општина, 2-кат), телефон: 046/266-569

·         Прилеп, ул.”Питу Гули” бр.2, телефон: 048/425-553

·         Пробиштип, ул.”Јаким Стојков” бр.3, телефон: 032/484-489

·         Радовиш, Бул.”Александар Македонски” бб, телефон: 032/635-067

·         Ресен, ул.”Борис Кидриќ” бр.44, телефон: 047/451-844, 047/454-895

·         Свети Николе, Плоштад “Илинден” бб, телефон: 032/440-905, 032/440-717

·         Струга, ул.”Боро Хаџиевски Путе” бб, телефон: 046/782-268

·         Струмица, ул.”Ленинова” бр.15, телефон: 034/321-543

·         Тетово, ул. “ЈНА” бр.56, телефон: 044/335-515

·         Штип, ул.”Васил Главинов” бб,телефон: 032/386-776

·         Гази Баба – Скопје, Бул.”Александар Македонски” бб, телефон: 02/3 134-605, 02/3211-852

·         Карпош – Скопје, Партизански одреди бб, телефон: 02/3 073-397, 02/3 062-282

·         Кисела Вода – Скопје, ул.”Првомајска” бб, телефон: 02/2 779-064

·         Центар – Скопје, ул. „Даме Груев“ бр.16, ДТЦ „Палома Бјанка“ 5-ти кат , телефон: 02/3 211-420

·         Чаир – Скопје, ул.”Босна и Херцеговина” бб, тел: 02/3 211-029

 

 

 

ПОСТАПКА ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА

(Закон за експропријација -

”Службен весник на РМ”, бр.33/95, 20/98, 40/99, 31/03, 46/05, 10/08, 106/08 и 156/10)

 

 

1. Органот за експропријација (Управата за имотно-правни работи) е орган кој носи решенија за експропријација врз основа на спроведена постапка во подрачните одделенија за управна постапка, по предлог на овластен предлагач, при што согласно со Законот за експропријација има неутрална улога. 

          Со предлогот за експропријација се поднесува:

  • извод од актот за планирање на просторот, односно актот што го заменува;
  • нумерички податоци за недвижноста за која се предлага експропријација изготвени - според постапка и начин предвидени со прописите за геодетски работи;
  • понуда за видот и висината на надоместот за недвижноста за која се предлага експропријација;
  • доказ за сопственоста на недвижноста што се нуди како замена за експроприраната недвижност и
  • доказ за обезбедени средства за надомест на експроприраната недвижност (банкарска гаранција која ќе важи до целосна исплата на надоместот определен во управна или судска постапка)

 

2. Постапката за експропријација е строго законски определена управна постапка.

 

3. Таа е единствена двострана контрадикторна управна постапка (т.н. “присилен пропис” за одземање на сопственост), во која странките се рамноправни.

 

4. Тоа е постапка за која мора да се одржи јавна усна расправа и на која како учесници во постапката мора да се присутни сопственикот на недвижноста од една страна и неговиот противник-предлагачот на експропријација од друга страна.

 

5. Предлагачи на експропријацијата најчесто се јавниот правобранител или овластени лица на општините, фондовите и јавни претпријатија.

 

Во постапката за експропријација странките се со спротивставени интереси.

 

6. Органот за експропријација нема законска можност да влијае на волјата на сопствениците (да ги натера) да го прифатат видот и висината на понудениот надомест од страна на предлагачот на експропријацијата.

 

7. Вршењето на притисок од страна на органот за експропријација на било кој учесник во постапката (сопственикот или предлагачот) за да постапува во одредена смисла е незаконско и претставува злоупотреба на службената положба и овластувања.

 

8. Исто така пред Управата за имотно-правни работи, по барање на странките се води и управна постапка за поништување на правосилно решение за експропријација.

  • Правосилното решение за експропријација може да се поништи ако корисникот на експропријацијата и поранешниот сопственик заеднички го бараат тоа.
  • По барање на поранешниот сопственик на експроприраната недвижност ќе се поништи правосилното решение за експропријација во целост или делумно ако во рок од три години по правосилноста на решението за експропријација, корисникот на експропријацијата не изврши позначителни работи во врска со објектот односно работата за чија цел е експроприрана недвижноста имајќи ја предвид природата, големината и вредноста на објектот.

9. Барањето за поништување на правосилното решение за експропријација по тој основ се поднесува во рок од 10 години од денот на правосилноста на решението за експропријација кога недвижноста била одземена од фактичко владение од поранешниот сопственик, односно и по истекот на тој рок ако недвижноста не била одземена од фактичко владение од сопственикот.

 

10. Барање за поништување на решение за експропријација може да се поднесе од сопственикот на експроприраната недвижност или од субјектот за чии потреби е експроприрана недвижноста и во случај на пренамена на целта за која била извршена експропријацијата со измена на урбанистичкиот план.

 

11. Постапката за експропријација и постапката за поништување на решението за експропријација се спроведува во управна постапка, а тоа значи дека покрај примената на одредбите од Законот за експропријација, супсидијарно се применуваат и одредбите на Законот за општата управна постапка.