- Насловна
- Министерство
- ЈАВНИ ФИНАНСИИ
- Државни хартии од вредност
- Даноци
- Финансиски систем
- ЕУ и меѓународни финансии
- Макроекономија
- Децентрализација
- Закони и прописи
- Проекти и кампањи
- Обуки и стручни испити
Биографија
м-р Зоран Ставрески
Дата на раѓање
29 октомври 1964
Охрид, Република Македонија
Брачна состојба
Женет, 1 дете
Познавање на јазици
Англиски, одлично
ОБРАЗОВАНИЕ : Магистер по Економски науки
КВАЛИФИКАЦИИ
Петнаесетгодишно искуство во развојни политики, со фокус на јавниот сектор и макроекономската политика. Практично искуство во изработка и спроведување на економски политики и структурни реформи. Истражувачка и уредувачка работа на тема буџетска поддршка. Одлични аналитички и истражувачки способности.
Богато искуство во спроведување на дијалог со приватниот сектор и меѓународните финансиски институции и развојните организации (ММФ, Светска банка, Европска унија, ЕБОР, Совет на Европската развојна банка, УСАИД), вклучувајќи и експертиза во земјите во транзиција (Република Македонија, југо-источна Европа) и во меѓународните финансиски институции. Познавање на политиката и оперативните процедури на Светска Банка.
ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
Влада на Република Македонија август2006
Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски работи
Координатор на министерствата кои ја покриваат економската област: политики, проектни и реформски активности на Владата, вклучувајќи фискална политика, даночни реформи, регулаторна реформа, реформи во катастарот, промовирање на домашни и странски инвестиции, инфраструктурни инвестиции, земјоделска политика итн.
Водење дијалог помеѓу Владата и бизнис заедницата.
Водење преговори со меѓународните финансиски институции.
Координатор на економските критериуми за пристапување кон ЕУ.
Стратешки координатор на две компоненти на ИПА инструментот за претпристапна помош од Европската Комисија:регионален развој и развој на човечки ресурси.
Претседавач на Годишните собранија на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд за 2008.
Светска банка февруари 2006
Водечки економист за развојни политики
Одделение за Операциони политики и услуги за земјите членки(OperationalPolicyandCountryServicesUnits)
Светска банка септември 2005 Консултант
Одделение за Операциони политики иуслуги за земјите членки(Operational Policy and Country Services Units)
Светска банка март-август 2005
Консултант
Одделениеэа Европа и Централна Азија за намалување на сиромаштијата и економски менаџмент
Светска банка 2001-2004 Советник на Извршниот директор во Холандската конституенца
Министерство за финансии на Република Македонија 2000 – 2001
Потсекретар
Народна Банка на Република Македонија1997 – 2000
Директор на Дирекцијата за истражување
Народна Банка на Република Македонија1993 - 1997
Дирекција за истражување - Истражувач
|











