Вести

Информација за Правилникот за минимални трошоци за книговодствени работи
13.09.2017

13 септември 2017, Скопје  - Поради реакција на голем број сметководители и правни субјекти, Министерството за финансии уште еднаш укажува дека Предлог-правилникот за утврдување основни критериуми при утврдување минимални трошоци за вршење книговодствени работи, кој е објавен на веб-страницата на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, е незаконски и затоа не треба да се применува.

Средба помеѓу заменик-министерката Елези и директорката на УЈП Лукаревска
11.09.2017

11 септември 2017, Скопје - Заменик-министерот за финансии д-р Ширет Елези во рамките на своите институционални надлежности денес оствари средба со директорот на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и заменик директорот на Управата за јавни приходи Насер Демири.

Конкурс за деца и млади по повод Светскиот ден на штедењето - 31 октомври 2017
06.09.2017

6 септември 2017, Скопје - Министерството за финансии, Народна банка на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето објавуваат Конкурс за деца и млади од основното и од средното образование по повод Светскиот ден на штедењето - 31 октомври.

 Состанок за приоритетите со Светска банка во Владата на РМ
05.09.2017

5 септември 2017, Скопје - Владата на РМ и Светска банка имаат огромно преклопување во погледите како треба да се развива македонската економија во иднина, што е добро – оцени министерот за финансии Драган Тевдовски, по средбата што се одржa во Владата помеѓу регионалната директорка на Светска банка, Линда Ван Гелдер, Премиерот Зоран Заев и министрите од економските ресори.

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност
05.09.2017

5 септември 2017, Скопје - Министерството за финансии на аукцијата одржана на 5.9.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 1.669,66 милиони денари (27,14 милиони евра).

Покана за коментари и предлози за Програмата за реформи за управување со јавните финансии 2018-2021
01.09.2017

1 септември 2017, Скопје - За првпат во Република Македонија се изработува сеопфатна и конзистентна Програма за реформа на управувањето со јавните финансии. Изработката на Програмата 2018-2021 е еден чекор понатаму во подобрување на управувањето со јавните финансии, што е еден од најзначајните приоритети на Владата, а воедно и услов за пристапување на земјата кон Европската унија.

МФ врати 7,8 милиони евра по основ на претходно издадени државни хартии од вредност
31.08.2017

31 август 2017, Скопје - Министерството за финансии на 30 август, по основ на доспеани државни записи издадени пред една година и државна обврзница издадена во 2012 година, отплати вкупно 482.950.000 денари или 7,8 милиони евра.

Универзитетските професори вклучени во консултациите за Програмата за економски реформи 2018-2020
30.08.2017

30 август 2017, Скопје - За поголема вклученост на академската јавност во подготовката на стратешките документи, како што е Програмата на економски реформи, денес во Министерството за финансии беше организиран консултативен состанок помеѓу министри од Владата на РМ и универзитетски професори.

Јовановиќ Економската ситуација во државата е подобра
29.08.2017

29 август 2017, Скопје - Се подобрува економската ситуација во државава. Во вториот квартал се забележува подобрување и кај индустријата и кај трговијата и кај градежништвото, изјави советникот на министерот за финансии, д-р Бранимир Јовановиќ, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, кое можете да го погледнете во следното видео.

Буџетот за 2018 во подготовка: се очекува поголем економски раст
29.08.2017

29 август 2017, Скопје - Буџетот за 2018 година е во подготовка и тој ќе се проектира на повисок економски раст – истакна во интервју за Сител министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Pages