Вести

МФ: Нова веб страна за поголема транспарентност на јавните финансии
06.07.2017

6 јули 2017, Скопје - Министерството за финансии направи промена на структурата на својата веб-страница.

Министерството за финансии го отплати долгот кон Дојче банка во висина од 77,3 милиони евра
05.07.2017

5 јули 2017, Скопје - Министерството за финансии денеска во целост го отплати заемот кон Дојче банк од 2012 година во висина од 77,3 милиони евра. Заемот беше со каматна стапка од 6,456% и беше наменет за финансирање на буџетскиот дефицит и рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на редовна отплата на државниот долг.

Известување од министерот за финансии д-р Драган Тевдовски до Институтот за сметководители и овластени сметководители на РМ
05.07.2017

4 јули 2017, Скопје - Министерството за финансии реагира на Одлуката на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС), со која значително се зголемува висината на минималните трошоци за вршење книговодствени работи и на надоместокот за сметководствени услуги.

Државните хартии од вредност се за финансирање на буџетскиот дефицит
04.07.2017

4 јули 2017, Скопје - Со цел реализирање на расходите во Буџетот за 2017 година, Министерството за финансии, како што веќе најави, повлече средства од домашниот пазар на капитал за финансирање на буџетскиот дефицит.

Со ребалансот ќе се скрати комодитетот, а ќе се даде повеќе поддршка на бизнисите што отвораат работни места
29.06.2017

29 јуни 2017 Скопје - Со ребалансот, што се подготвува во моментов, ќе се скрати комодитетот на луѓето на Власт, а ќе им се даде повеќе поддршка на бизнисите што отвораат работни места, истакна министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, во неговото обраќање на годишното собрание на Европската бизнис асоцијација.

Конференција за рециклирање текстилен отпад
29.06.2017

Скопје, 29 јуни 2017 (МИА) - Дебата за прашањето како да се постапи со текстилниот отпад за да не заврши на депониите, царинските процедури и можните решенија за негово третирање и рециклирање.

Тевдовски: Од септември, со државна поддршка, минималната плата 12.000 денари
28.06.2017

Скопје, 28 јуни 2017 (МИА) -  Со 1,5 милион евра буџетски средства месечно, Владата ќе ги поддржи компаниите да исплаќаат минимална плата од 12.000 денари.

Тевдовски: Настојуваме да обезбедиме што пониска цена на задолжување
28.06.2017

Скопје, 28 јуни 2017 (МИА) - Јавниот долг е значително пораснат и мора да се преземат активности за да се реши тоа. Нашето настојување е да обезбедиме што пониска цена на задолжување, односно што помала каматна стапка што би ја плаќале граѓаните, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

Почна дијалогот за зголемување на минималната плата
23.06.2017

Скопје, 23 јуни 2017 (МИА) - Околу проектираната минимална плата од 12.000 денари што беше и предизборно ветување, не треба да постои дилема, за тоа ќе има пари во ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерот за финансии Драган Тевдовски пред почетокот на консултативната средба со претставниците на синдикатите на која присуствува и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Ширет Елези ја презеде функцијата заменик-министер за финансии
23.06.2017

23 јуни 2017, Скопје - Заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, денеска официјално ја презеде функцијата од нејзиниот претходник, Гзим Беадини. Беадини ѝ честиташе на новата заменик–министерка и ѝ посака успех во работата.

Pages