Вести

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност
31.10.2017

31 октомври 2017, Скопје - Министерството за финансии на аукцијата одржана на 31.10.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 4.402,36 милиони денари (71,58 милиони евра).

Македонија 11 во светот во извештајот Дуинг бизнис 2018
31.10.2017

31 октомври 2017, Скопје - Светската банка во извештајот Дуинг бизнис за 2018 година ја рангира Македонија на 11 место во светот, односно 6 место во Европа според условите за водење бизнис во конкуренција од 190 земји.

МФ: Еве на кои невладини организации се извршени исплати
27.10.2017

27 октомври 2017, Скопје - На 26.10.2017 година извршена е исплата од страна на Агенцијата за млади и спорт согласно планираниот буџет кон спортски федерации и клубови, како и за учество на меѓународни натпревари од околу 26,4  милиони денари.

Интервју Тевдовски за Алсат: Повеќе пари за вработување, за домашните претпријатија и Армијата во Буџет 2018
26.10.2017

26 октомври 2017, Скопје - Повеќе средства за активни мерки за вработување - особено за младите во Македонија, повеќе пари за поддршка на домашните претпријатија, зголемување на платите на војниците и буџетот на Армијата во Буџетот за 2018 - најавува во емисијата „Економски магазин“ министерот за финансии Драган Тевдовски.

Средба со делегација на Светска банка за подобрување на конкурентноста
26.10.2017

26 октомври 2017, Скопје - Тимот на Министерството за финансии предводен од министерот за финансии Драган Тевдовски денеска имаше средба со делегација на Светската банка предводена од директорот за Македонија, Марко Мантованели и од раководителот на Секторот за трговија и конкурентност во банката, Пауло Кореа.

МФ и ММФ работат на реформи за унапредување на управувањето со ликвидноста
24.10.2017

24 октомври 2017, Скопје - Министерството за финансии започна реформски процес со кој ќе се унапреди управувањето со ликвидноста. Ова е во рамки на залагањата на Министерството за поквалитетно управување со јавните финансии.

Тевдовски за Блумберг - Се очекува раст по враќањето на довербата во македонската економија
18.10.2017

18 октомври 2017 (Блумберг) – Економскиот раст во Република Македонија, следната година може да биде повисок од 3%, откако со формирање на владата на премиерот Зоран Заев пред четири месеци се заврши двегодишната политичка криза што ги забавуваше инвестициите.

Заменик министерката Елези на Самитот 100
17.10.2017

17 октомври 2017, Скопје - Заменик министерката за финансии д-р Ширет Елези денеска присуствуваше на премиерскиот панел на Самит 100, кој се одржува во Скопје.

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност
17.10.2017

17 октомври 2017, Скопје - Министерството за финансии на денешната аукцијата издаде државни хартии од вредност во износ од 2.444,84 милиони денари (39,75 милиони евра).

Македонија е домаќин на Поткомитетот за стабилизација и асоцијација
17.10.2017

17 октомври 2017, Скопје - Република Македонија е домаќин на Четиринаесетиот состанок на Поткомитетот за економски и финансиски прашања и статистика, кој се одржува денеска во Скопје.

Pages