Вести

Објавен Граѓански буџет 2018
16.11.2017

16 ноември 2017, Скопје - Министерството за финансии продолжува со определбата буџетот и податоците во него да ги направи поблиски до граѓаните, затоа изработи Граѓански буџет 2018. Граѓанскиот буџет не е замена за деталниот буџет на државата, туку претставува приказ преку кој секој граѓанин во рок од пет минути може да ги дознае плановите за управување со јавните финансии.

Владата го усвои Предлог буџетот за 2018
10.11.2017

10 ноември 2017, Скопје - Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во придружба на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и советникот за финансии, Ванчо Узунов, денеска го презентираше Предлог-буџетот за 2018 година кој Владата го доставува до Собранието на Република Македонија на понатамошно дебатирање и усвојување. Во своето обраќање, премиерот Заев истакна:

http://www.finance.gov.mk/mk/node/6790
06.11.2017

6 ноември 2017, Скопје - Денеска во Министерството за финансии беа доделени наградите за конкурсот по повод Светскиот ден на штедење. На конкурсот учествуваа над 780 деца, кои испратија ликовни и литературни творби на тема штедење и осигурување.

Јавен настан со бизнис заедницата за Предлог-буџетот за 2018
06.11.2017

6 ноември 2017, Скопје - Правиме сè да ја отвориме транспарентноста на јавните трошења затоа што таа ќе прави притисок да се трошат парите како што треба, истакна министерот Драган Тевдовски на настан пред стопанствениците во Стопанска комора на Македонија. И ММФ и Светска банка по четири - пет месеци признаваат дека имаме сериозни чекори во транспарентноста, напомена тој.

Предлог-буџетот за 2018 година претставен пред граѓанските здруженија, стопанствениците, синдикатите и новинаритe
02.11.2017

2 ноември 2017 Скопје - За првпат Министерството за финансии ги вклучува граѓанскиот сектор, синдикатите и стопанствениците во процесот на донесување на Буџетот. Денеска во Министерството за финансии беше одржана јавна дебата на која беше претставен Предлог-буџетот за 2018 година.

нативен состанок на Националниот инвестициски комитет
02.11.2017

2 ноември 2017, Скопје - Во секретаријатот за европски прашања се одржа првиот координативен министерски состанок на националниот инвестиски комитет.

 „Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии“
01.11.2017

1 ноември 2017, Скопје - Во насока на унапредување на буџетскиот процес со зајакнување на среднорочното буџетско планирање, Министерството за финансии соработуваше со Финскиот институт за јавен менаџмент на твининг проектот „Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии“.

Наградени на конкурсот „Светски ден на штедење“
01.11.2017

1 ноември 2017 Скопје - Добивме над 780 ликовни и литературни творби од ученици за конкурсот по повод Светскиот ден на штедењето. Го објавуваме списокот на наградени творби, а на сите останати им честитаме за учеството - навистина добивме прекрасни идеи на поставените теми.

Намалување на јавниот и државниот долг во третото тримесечје годинава
31.10.2017

31 октомври 2017, Скопје - Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и за јавниот долг за третото тримесечје годинава, каде што се забележува намалување во однос на претходното тримесечје.

Граѓаните во банките чуваат 222 милијарди денари, компаниите 80 милијарди
31.10.2017

Скопје, 31 октомври 2017 (МИА) - Депозитите во банките во Македонија се сигурни. Банките се ликвидни и стабилни, а граѓаните што ги чуваат парите дома треба да ги внесат како штедни влогови затоа што така ќе остварат одреден интерес за себе, а на банките ќе им овозможат дополнителни средства да ги пласираат онаму каде што се потребни.

Ова беше порачано на денешното одбележување на Светскиот ден на штедењето - 31 октомври, во Здружението на банкарство при Стопанска комора на Македонија.

Pages