Вести

Тевдовски: Наплатата на даноците се зголемува, повратот на ДДВ оди брзо
28.11.2017

28 ноември 2017, Скопје - Последните неколку месеци се врши сериозен поврат на ДДВ кон фирмите, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски и посочи  дека има значително подобрување и на наплатата на даноците последните неколку месеци.

Јакнење на квалитетот на даночните услуги во соработка со ЕУ
28.11.2017

28 ноември 2017, Скопје - Ефикасен даночен систем е основа за развој на општеството, бидејќи преку него се собираат средствата за сите јавни потреби.

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност
28.11.2017

28 ноември 2017, Скопје - Министерството за финансии на аукцијата одржана на 28.11.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 5,345 милијарди денари (86,91 милиони евра).

Експозе на МФ Драган Теводвски за Буџет 2018
27.11.2017

27 ноември 2017, Скопје - Предлог-буџетот на Република Македонија за 2018 година е најдобра рефлексија на ангажманот на новата Влада за постигнување на клучните цели и приоритети на општеството: повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на вработувањата, подигнување на животниот стандард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграционите процеси за ЕУ и НАТО.

Извршниот Одбор на ММФ ги заврши редовните годишни консултации со Македонија
22.11.2017

22 ноември 2017, Скопје - Во соопштението по повод завршувањето на редовните годишни консултации со Македонија во рамки на т.н. Член 4., Извршниот одбор на ММФ наведува дека формирањето на новата влада претставува значајна пресвртна точка како и можност за повторна изградба на т.н. простор на макроекономските политики и за заживување на реформите. Фондот го нотира негативниот ефект на пролонгираната политичката криза врз економскиот раст, како и недоволниот напредок на структурните реформи.

Кампања „ЕУ за тебе“ (ВИДЕО)
21.11.2017

21 ноември 2017, Скопје - „Веруваме во тебе, вложуваме во тебе, ЕУ за тебе“ е кампања на Европската унија со која се обезбедува поддршка за секторите за вработување, образование и социјална инклузија. Обезбедената поддршка од страна на ЕУ изнесува 37,5 милиони евра.

Тевдовски: Догодина рекордно највисоки средства во буџетот за активни мерки за вработување на граѓаните
21.11.2017

21 ноември 2017, Скопје - Значително повеќе средства во Буџетот за активни мерки за вработување за следната година, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на лансирањето на новата кампања „ЕУ за тебе“ која се однесува на вработувањето, образованието и социјалната инклузија и на која учествуваше заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, евроамбасадорот во Македонија Самјуел Жбогар, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност
21.11.2017

21 ноември 2017, Скопје - Министерството за финансии на аукцијата одржана на 21.11.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 1.938, 65 милиони денари (31,52 милиони евра).

Реалокација на буџетски средства за навремена исплата на стари заостанати долгови
20.11.2017

18 ноември 2017, Скопје - Редовно исплаќање на тековните обврски на сите буџетски корисници, забрзување на повратот на ДДВ, како и подмирување на старите заостанати долгови се приоритет на Владата. Во оваа насока е и прераспределбата на средствата помеѓу буџетските корисници, која беше усвоена денеска од страна на Собранието на РМ на предлог на Министерството за финансии и Владата на РМ.

Завршен настан на твининг проектот “Понатамошна хармонизација со ЕУ во областа на осигурување и зголемување на пазарни операции”
17.11.2017

17 ноември 2017, Скопје - Во насока на понатамошно усогласување со законодавството на ЕУ во областа на осигурувањето и зголемувањето на пазарните операции, Министерството за финансии во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување и Меѓународната ибероамериканска фондација во изминатиот 21 месец работеше на твининг проект за што денеска имаше завршен настан.

Pages