Вести

Миноски: Во патна инфраструктура ќе се инвестираат 20,16 милијарди денари
28.09.2016

Скопје, 28 септември 2016 (МИА) - Со предложениот Буџет за 2017 година се издвојува значајна сума за капитални инвестиции што е највисока досега и е во насока на поддршка на економскиот развој.

Ова го истакна министерот за финансии Кирил Миноски образложувајќи го Предлог-буџетот за 2017 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Миноски: Во декември пензионерите ќе го добијат ветеното зголемување на пензиите
28.09.2016

Скопје, 28 септември 2016 (МИА) - Во декември годинава пензионерите ќе го добијат ветеното покачување на пензиите од 670 денари.

Ова го најави министерот за финансии Кирил Миноски во денешното образложение на Предлог-буџетот за 2017 година пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет.

- Во декември, со исплата на ноемвриската пензија ќе се исплати и ветеното покачување на пензиите. Повеќе од 300.000 пензионери ќе добијат покачување од околу 670 денари или во просек покачување од 5 проценти, рече Миноски.

Со микрокреидитање до намалување на сиромаштијата и развој на претприемништвото
22.09.2016

Скопје, 22 септември 2016 (МИА) - Микропретпријатијата во Македонија, иако сочинуваат 90 проценти од претпријатијата, вработуваат една третина од вкупниот број вработени и продуцираат 23 проценти од вкупната додадена вредност на БДП, имаат ограничен пристап до основните банкарски услуги. Затоа голема улога во поддршка на нивниот развој имаат микрофинансиските институции кои во земјава се развиваат веќе 20 години, а во моментов работат 12.

22.09.2016

Сакам да го поздравам одржувањето на првиот регионален форум за микрофинансирање, кој претставува одлична можност широката јавност поблиску да го запознае концептот кој во многу општества бил значаен двигател на економскиот и социјалниот развој и воедно да се запознае со регионалните искуства.

Владата го усвои Предлог Буџетот за 2017 година
20.09.2016

Скопје, 19 септември 2016 (МИА) - Владата на денешната седница го донесе Предлог-буџетот за 2017 година кој е развоен, со рекордно ниво на капитални инвестиции, повисоки за дури 20 отсто во споредба со оваа година, и во текот на наредниот ден ќе го достави до Собранието, информира министерот за финансии Кирил Миноски.

19.09.2016

Би сакал да Ве информирам дека на денешната седница, Владата на Република Македонија го донесе Предлог Буџетот за 2017 година и истиот во текот на наредниот ден ќе го достави до Собранието. Предлог Буџетот за 2017 година е развоен со рекордно ниво на капитални инвестиции, повисоки за дури 20% во споредба со оваа година.

Во однос на Макроекономски проекции би го истакнал следново:

Започна со работа Кол центар – канадска инвестиција со 200 вработувања
19.09.2016

18 септември 2016, Скопје – Денеска започна со работа Кол центар, инвестиција на канадската компанија „Уан контакт“, што треба да обезбеди вработување за над 200 лица.

Директорот на компанијата Асиф Чаудари истакна дека процесот за отворање на компанијата започнал пред две години на бизнис форум во Торонто, каде што владин тим ги презентирал можностите за инвестирање во Македонија, по што следувале неколку негови посети на Македонија.

18.09.2016

Денешниот настан е потврда дека доколку економските политики се добри и се постават на здрави основи, тие даваат резултати. Денес со работа започнува уште една странска инвестиција која ќе креира нови работни места и ќе донесе нови знаења и искуства во земјава.

Дебата за економските политики помеѓу министерот за финaнсии Кирил Миноски и дополнителниот заменик министер Кире Наумов
16.09.2016

16 септември 2017, Скопје - Дебата за економските политики помеѓу министерот за финансии Кирил Миноски и дополнителниот заменик министер за финaнсии Кире Наумов. Целата дебата можете да ја погледнете тука

Pages