Вести

ДЕМАНТ: Министерство за финансии има обезбедено средства за сите кандидати во МВР
10.10.2016

Министерството за финансии ги демантира тврдењата дека не обезбедило пари за плати за 34 кандидати за полициски приправници, кои денеска протестираа пред Министерство за внатрешни работи. Министерството за финансии има обезбедено средства за сите кандидати, а вработувањата треба да ги спроведе МВР.

 

Економските политики во фокусот на средбите на Миновски во Вашингтон
10.10.2016

Вашингтон, 9 октомври 2016 (МИА) - Министерот за финансии Кирил Миноски учествуваше на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

Миноски оствари повеќе средби со инвеститори што се постоечки купувачи на еврообврзниците што ги издава Република Македонија, како и со претставници на ММФ и на Светска банка и притоа разговарале за економските политики што ги спроведува македонската Влада, како и за идните проекти што ќе бидат усогласени со целите што ги поставуваат овие две меѓународни институции.

Поволни кредити за самовработување, отворање бизниси и нови работни места
04.10.2016

Скопје, 4 октомври 2016 (МИА) - Од денеска во наредните две недели сите невработени лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис и да отворат до три работни места во помали дејности или до пет во дејности од поголем обем или постоечки компании кои сакаат да го зголемат бројот на вработени можат да аплицираат во Агенцијата за вработување на Република Македонија за поволен кредит со каматна стапка од 1 процент на годишно ниво, со грејс период од една година и рок на отплата од три години.

Миноски во посета на Царината - приходите од почетокот на годината растат
03.10.2016

Скопје, 3 октомври 2016 (МИА) - Приходите од царините во Буџетот се повисоки за 6,87 проценти во однос на планираните и за 10,51 отсто во споредба со тој период лани.  Заклучно со септември 2016 година остварени се приходи од 53.678,35 милиони денари.

За ваквите податоци денеска беше информиран министерот за финансии Кирил Миноски при посетата на Царинската управа, каде оствари средба со директорката на оваа институција Наташа Радеска-Крстевска.

Министерот за финансии Миноски го посети Централниот регистар
29.09.2016

Скопје, 29 септември 2016 (МИА) - Воспоставувањето на двата нови регистри за обезбедени трансакции и функционирањето на проектот „Тендерско досие“ биле главни теми на разговор при денешната посета на министерот за финансии Кирил Миноски на Централниот регистар на Република Макеоднија.

28.09.2016

Денес пред Вас е еден многу битен стратешки документ, чија намена е одржување на макроекономската стабилност и поттикнување на економската активност во текот на следната година.  Буџетот е само една од повеќето, но би напоменал многу значајна алатка во креирањето на економската политика.

Над 70 милиони евра капитални инвестиции во здравство и образование во 2017-та година
28.09.2016

Курир - За капитални инвестиции во здравството и образованието следната година се предвидени над 70 милиони евра, најави денеска на комисиската расправа на буџетот, министерот за финансии Кирил Миноски.

Инвестициите во здравствениот сектор за 2017 година се проектирани на 1,12 милијарди денари или над 18 милиони евра.

За земјоделците 176 милиони евра за субвенции и капитални инвестиции во буџетот за 2017
28.09.2016

Лидер - Средствата наменети за субвенции и капитални инвестиции во земјоделието и руралниот развој во буџетот за 2017 година ќе достигнат 176 милиони евра, согласно податоците кои денес ги даде министерот за финансии Кирил Миноски на комисиска расправа во Собранието за буџетот за 2017г.

За субвенции во земјоделието и рурален развој обезбедени се 8,45 милијарди денари или 140 милиони евра.

За капитални инвестиции кои ќе го поддржат земјоделието и руралниот развој догодина со буџетот се предвидени 2,2 милијарди денари или 36 милиони евра.

Миноски очекува одговорен пристап на пратенциите во процесот на носење на Буџетот за 2017
28.09.2016

Скопје, 28 септември 2016 (МИА) - Во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет денеска почна расправата по Предлог-буџетот на Република Македонија за 2017 година.

Според Предлог-буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се на ниво од 206,22 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 проценти од БДП, односно 18,6 милијарди денари.

Pages