Вести

18.10.2016

Особена чест и задоволство ми е да го отворам четириесет и вториот Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита - ТЕХНОМА 2016.

Отворен ТЕХНОМА 2016, се промовираат иновации и технологии на над 160 компании
18.10.2016

Скопје, 18 октомври 2016 (МИА) - Скопски саем од денес е домаќин на 42-то издание на Меѓународниот саем „ТЕХНОМА“ во Скопје на кој се претставуваат над 160 изложувачи од Македонија, Италија, Австрија и Германија од областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, градежништвото, обезбедувањето и заштитата. 

Нето задолжувањето со аукцијата на ДХВ закажана неделава е еднакво на нула
17.10.2016

Министерството за финансии денеска во стопанството врати 1,8 милијарди денари по однос на доспеани за исплата државни хартии од вредност. Во среда по истата основа, Министерството за финансии ќе врати 115 милиони денари. Тоа се вкупно 1,915 милијарди денари кои што Министерството оваа недела ги враќа во стопанството по основ на доспеани државни хартии од вредност.

 

Собранието го донесе Буџетот за 2017 година
17.10.2016

Скопје, 17 октомври 2016 (МИА) - Собранието на Република Македонија со 72 гласови „за“ и 37 против денеска го донесе Буџетот на Република Македонија за 2017 година со кој вкупните приходи се планирани на ниво од 187,612 милијарди денари. Вкупните расходи се на ниво од 206,219 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 проценти од БДП, односно 18,6 милијарди денари.

Граѓаните и догодина ќе можат да аплицираат за „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“
17.10.2016

Граѓаните и следната година ќе можат да аплицираат за државни субвенции за станбен кредит преку проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“. Во своето обраќање за носењето на Буџетот за 2017 во Собранието, министерот за финансии Кирил Миноски истакна дека и во буџетот за следната година се обезбедени средства за овие два проекти. – Во Буџетот за 2017 година предвидуваме и средства во износ од 120 милиони денари за проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“.

Миноски: Редовна исплата на платите и пензиите со буџетот за 2017
17.10.2016

Скопје, 17 октомври 2016 (МИА) - Предлог-буџетот за 2017 година е одговор на потребите и ситуацијата во која се наоѓа македонската економија. Со буџетот се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и социјалната помош, вели министерот за финансии Кирил Миноски.

Тој во интервју за весникот „Дневник“ истакнува дека со Буџетот се гарантира подмирување на потребите на граѓаните и сервисирање на обврските на државата.

Миноски: Политиката на ниски даноци е во интерс на државата
14.10.2016

Скопје, 14 октомври 2016 (МИА) -  Во интерес на Република Македонија е да продолжи примената на постоечката даночна политика на ниски даноци, изјави министерот за финансии Кирил Миноски на денешната кафе дебата организирана од Европското движење на Македонија посветена на економските политики со кои се соочува денес Европската унија меѓу другото и за невоедначената фискална политика.

Миноски: Економски раст поголем од предвидениот, ако се разреши политичката криза
12.10.2016

Скопје, 11 октомври 2016 (МИА) - Македонската економија во 2017 година може да оствари дури и повисок економски раст од проектираниот од 3 отсто, доколку политичката криза добие своја разрешница во декември. Ова во интервју за Гласот на Америка го истакна министерот за финансии Кирил Миноски, говорејќи за економските политики што ги спроведува Владата и нивните ефекти, како влезот на странските инвестиции и отворањето нови работни места.

Награден конкурс за деца и млади за „Ден на штедење“
10.10.2016

Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување објавуваат конкурс за деца и млади од основното и средното образование.Да го прославиме светскиот Ден на штедењето ‒ 31 октомври со сликање цртеж и пишување песна на тема:

1.Ш Т Е Д Е Њ Е „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“ или

2.О С И Г У Р У В А Њ Е „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“

Pages