Вести

Министерството за финансии финаниски ги образува учениците од основните и средните училишта
15.11.2016

Преку проектот „Финансиско образование“ Министерството за финансии спроведе обука на 466 ученици од основните и средните училишта.

Министерот за финансии Кирил Миноски денеска оствари средба со амбасадорката на СР Германија Кристине Алтхаузер. На средбата беш
14.11.2016

Министерот за финансии Кирил Миноски денеска оствари средба со амбасадорката на СР Германија Кристине Алтхаузер.

Миноски на средба со Македонско-Турската бизнис комора
11.11.2016

11 ноември 2016, Скопје - Денес министерот за финансии Кирил Миноски прими делегација од Македонско – Турската Стопанска комора (МАТТО), предводена претседателот на комората Туна Ејуп Кахвеџи.

Наградени ученици на конкурсот за творби по повод Ден на штедење
11.11.2016

На конкурсот во прва категорија (ликовна творба - основно образование и литературна творба - средно образование), на тема:

Преку стабилна економија до зголемување на штедните влогови
02.11.2016

Ова е ден кога секоја земја во светот го промовира значењето на штедењето и придобивките од него, а воедно и ја промовира сопствената економија бидејќи сигурната и стабилна економија влева сигурност како кај граѓаните така и кај фирмите, со што се поттикнува штедењето.

31.10.2016

Би сакал да се заблагодарам на поканата и можноста овде, пред вас, да се обратам на свечената седница на која секоја година се истакнува значењето на Светскиот ден на штедењето.

Ова е ден кога секоја земја во светот го промовира значењето на штедењето и придобивките од него, а воедно и ја промовира сопствената економија бидејќи сигурната и стабилна економија влева сигурност како кај граѓаните така и кај фирмите, со што се поттикнува штедењето.

Рангирањето на Македонија во „Дуинг бизнис“ историски резултат, од 2007 година скок од 84 места
26.10.2016

Скопје, 26 октомври 2016 (МИА) - Рангирањето на Македонија на 10-тото место во светот и 5-тото место во Европа во извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка е историски резултат кој произлегува од големата посветеност и труд на Владата и претставува поттик да се продолжи со реформите за создавање поволна бизнис клима, оцени денес вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

Доделени сертификати за јавни внатрешни ревизори
25.10.2016

Скопје, 25 октомври 2016 (МИА) - На учесниците што ја поминаа обуката за внатрешни ревизори во јавниот сектор денеска во Министерството за финансии им беа доделени меѓународни сертификати. Според министерот за финансии Кирил Миноски со добивањето на сертификатите ќе се подобри квалитетот на внатрешната ревизија и ќе се зголеми одговорноста, транспарентноста и ефикасноста во институциите од јавниот сектор.

25.10.2016

Дозволете ми да Ве поздравам и да Ви посакам добредојде на настанот организиран по повод завршувањето на проектот „Обука на внатрешни ревизори во јавниот сектор“, на кој ќе ги доделиме и меѓународните сертификати за внатрешни ревизори на учесниците кои ја поминаа обуката. Овој проект Министерството за финансии го реализираше во соработка со Центарот за развој на финансиите од Словенија и Овластениот Институт за јавни финансии и сметководство од Лондон, а истиот е финансиски поддржан од владите на Соединетите Американски Држави и на Република Словенија.

Pages